• Latest
ВАРШАВА-КИЈИВ, 18 часа, декември 2023 (фото: Ј. Андоновски)

Нескршливиот дух на Кијив

December 12, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Нескршливиот дух на Кијив

December 12, 2023 12:00
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
ВАРШАВА-КИЈИВ, 18 часа, декември 2023 (фото: Ј. Андоновски)

ВАРШАВА-КИЈИВ, 18 часа, декември 2023 (фото: Ј. Андоновски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Соочени со постојаните воздушни тревоги, пред да се истури пеколот на руските ракети, дронови и гранати од небото над градот, жителите на Кијив покажуваат извонредна издржливост што ѝ пркоси на мрачната реалност со која се соочуваат секојдневно. Речиси две години, градот е под мрачната сенка на ракетниот терор, време кога граѓаните бараат засолниште во скривниците и метро станиците кога се огласува тревогата. Сепак, среде хаосот и опасноста, светот сведочи за една неочекувана манифестација на сила, гордост и волја да се живее животот во неговата потполност.

Виолета, 23-годишна дипломирана студентка на Универзитетот „Тарас Шевченко“, е отелотворение на извонредната издржливост на нејзините сограѓани. Кога продорниот звук на тревогата за воздушен напад ќе го распара спокојството, таа, заедно со многу други, дава одговор кој може да изгледа парадоксален за странец. „Кога ќе се огласи тревогата за воздушни напади, ние се облекуваме во најубавата облека, ставаме кармин, ја средуваме косата и одиме во скривница“, вели таа со потресна присебност. Овој, навидум ноншалантен, однос кон ситуации опасни по животот, може да ги збуни аутсајдерите, но таа и нејзините безбројни сограѓани, го симболизираат изборот – човек да се соочи со ужасот преку привидот на нормалноста – непоколеблив став што го надминува стравот, со одлуката, наместо страв и криење, да се прифати животот наспроти неволјата.

Луѓето на Кијив, соочени со постојаното сениште на целосно уништување, страдање и смрт, избираат да не им подлегнат на стравот и паниката. Без разлика дали тоа ќе го означиме како храброст или фатализам, очигледна е колективната сила што ги дефинира како силни и горди поединци. Среде агресијата, овие граѓанки и граѓани остануваат посветени на животот, убавината, културата и уметноста.

Иако на тревогите за воздушни напади многумина им пркосат со занемарување, сепак, предноста на Кијив лежи во извонредно отпорната армија, која успешно ги пресретнува и неутрализира повеќето воздушни закани. Зад линиите на воениот фронт, цивилното население придонесува за оваа колективна издржливост, одбивајќи да дозволи континуираната закана да диктира со нивните животи.

За време на двете кратки посети на Кијив, авторот беше фасциниран од динамичниот живот во градот. Градските театри и оперски куќи продолжуваат да цветаат со богат репертоар, привлекувајќи ја публиката која не дозволува да ја спречи бруталната агресија. Кијив е и град на цвеќето. Цвеќиња се продаваат насекаде, во цвеќарници и на гондолите во супермаркетите и помалите продавници, додавајќи боја и живост на урбаниот пејзаж. Дури и покрај неволјите, Кијив може да се пофали со прекрасни ресторани и кафулиња кои потсетуваат на најубавите градови во Европа.

И покрај предизвиците, жителите на Кијив може да се гордеат со тоа како ја одржуваат чистотата на својот град. Нема отпадоци на улиците, дури и при обилен снег, што ја одразува посветеноста кон нормалноста во услови на ненормални околности.

Храброста и пожртвуваноста на украинските бранители се добро документирани, но секојдневната храброст на цивилите е подеднакво впечатлива. Нивниот безграничен стоицизам, прекрасни насмевки и смиреното прифаќање на бруталноста на агресорот, прикажуваат еден жив портрет на град кој одбива да биде дефиниран со предизвиците со кои се соочува. Во Кијив, животот продолжува, а неговите луѓе се решени да се соочуваат со тешкото секојдневие со издржливост, сила и непоколеблива љубов кон животот.


Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ