• Latest

Мрежата за заштита од дискриминација бара итно повлекување на Предлог-законот за верски училишта: Противуставен, правно неусогласен и опасен

July 9, 2025
Церемонија по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНРВА: Гладта во Газа може да се спречи ако се дозволи влез на хуманитарна помош

August 23, 2025
Извор: vote.gov

Тексас усвои нова изборна мапа на барање на Трамп

August 23, 2025
Фотографија: Општина Кочани

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

August 23, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, говор по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025
Фото: МИА архива

Министерство за здравство воведува електронски модул за транспарентен преглед на донации во здравството

August 23, 2025
Фотографија: Скриншот од видео на НБС

Поранешната соработничка на Епштајн, Гислен Максвел: Нема таен клиентски список, Трамп и Епштајн не беа блиски пријатели

August 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

По Вашингтон, Трамп најави распоредување на федералните сили и во Чикаго и Њујорк

August 23, 2025

Започна јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

August 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мрежата за заштита од дискриминација бара итно повлекување на Предлог-законот за верски училишта: Противуставен, правно неусогласен и опасен

July 9, 2025 13:12
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Мрежата за заштита од дискриминација остро реагираше на Предлог-законот за верски училишта објавен на Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР), оценувајќи го како противуставен, правно неусогласен и опасен обид за поткопување на секуларниот карактер на државата и за институционализација на верското образование во формалниот образовен систем.

„Предлог-законот е во колизија со Уставот на Република Северна Македонија“, наведуваат од Мрежата. Потсетуваат дека слободата на верските заедници да основаат верски училишта е загарантирана со член 19 од Уставот, но само доколку тие се од исклучиво верски карактер, а не од типот на редовни гимназии, стручни или уметнички училишта.

Според нив, Предлог-законот директно го нарушува и членот 22 од Законот за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група, кој дозволува основање верски образовни установи од сите степени освен основното образование, но исклучиво за школување на свештени лица и верски службеници. „Овој закон претставува lex specialis и не може да биде дерогиран со нов закон“, порачуваат од Мрежата.

Во реакцијата се повикуваат и на одлуката на Уставниот суд У.бр. 182/2021, објавена на 29 мај 2024 година, со која, како што велат, се потврдува дека „системот на верско образование мора да биде целосно одвоен од граѓанското образование и дека секој обид за нивно мешање претставува повреда на уставниот принцип на секуларност и одвоеност на државата и верата“.

Дополнително, Мрежата посочува дека членот 7 од Законот за средно образование изречно забранува верско организирање и дејствување, организирање на верско образование и истакнување верски обележја во средните училишта.

Критики упатуваат и за тоа што во Предлог-законот нема механизми за надзор, санкции или контрола: „Не е утврдено кој ќе биде надлежен за негово спроведување, кој ќе следи дали се почитуваат предвидените одредби и кој ќе изрекува мерки во случаи на прекршувања.“

Особено спорен, според нив, е членот 4, кој дозволува верските училишта самостојно да издаваат јавни исправи врз основа на свој статут, што е во спротивност со праксата според која формата и содржината на свидетелствата ги утврдува Министерството за образование и наука. Притоа, прашањето за еквиваленција на таквите дипломи останува нерешено.

„Законскиот текст се повикува на засебност и автономија на верските училишта, но паралелно бара нивно изедначување со државните училишта во однос на правата на учениците. Ваквиот пристап е контрадикторен и правно неизводлив“, се додава во реакцијата.

Мрежата забележува и правна неусогласеност во критериумите за наставен кадар, како и конфузија меѓу членовите 7 став 8 и став 11, со што, како што се вели, „се создаваат недефинирани односи меѓу основачот и Министерството во однос на верификација на наставниот план“.

„Членот 11 е особено спорен бидејќи овозможува државна матура како услов за упис на секој факултет, додека во исто време дозволува и запишување на верски факултети без положување матура. Оваа двојна регулација отвора простор за злоупотреби, нерамноправност и институционална дискриминација“, предупредуваат од Мрежата.

Во заклучок, Мрежата за заштита од дискриминација бара итно повлекување на Предлог-законот и повикува Владата „да се придржува до уставниот принцип на секуларност“.

„Усвојување на ваков закон претставува сериозно отстапување од демократските и граѓански вредности и директна закана за правата на учениците и интегритетот на образовниот систем“, се наведува во реакцијата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ