• Latest

Колку суровост може да толерира Македонија?!

April 5, 2017

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Колку суровост може да толерира Македонија?!

April 5, 2017 12:28
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По низата масовни усмртувања на бездомни и домашни миленици низ целата територија на Република Македонија, здруженијата за заштита на животните најавуваат мирен протест што ќе се одржи во недела на  9 април, со почеток во 12.30 часот на плоштадот „Македонија“.
Освен расфрлање на смртоносен отров „метомиол“ и „ланате“, скопјани се соочија и со пострашни глетки: бесење на кучиња- маалски миленици со ловџиски јамки во Ново Лисиче и отстрел со огнено оружје на мајка со младенче во Нерези. Предизвикувањето општа опасност е казниво според Кривичниот законик, мачењето и убивањето животни е спротивно на Законот за заштита и благосостојба на животните, а поставувањето стапици во урбана средина е спротивно на Законот за ловство. Полицијата е должна по службена должност да преземе мерки за наоѓање на сторителот и да пријави во Инспекторат за ловство.

 

Во разговор со Анета Д. активистка на „Анима Мунди“ која ги пронајде и пријави во полиција обесените маалски миленици во близина на ФФМ во Ново Лисиче на 18 март, дојдовме до сознание дека полицијата првенствено не сакала да излезе на терен, дека по нивната интервенција е направен само записник, а јамките не се отстранети.

„Се јавивме во полиција, првично не сакаа да дојдат бидејќи не ни бил познат сторителот и затоа што биле бездомни кучиња, а откако им кажав дека стапиците претставуваат опасност и за луѓе, сепак  дојдоа. Направија увид и си заминаа. Потоа, ги отстранивме стапиците за да не претставуваат опасност и понатаму. Овие денови се забележани нови стапици, овојпат со дупли сајли”, изјави активистката Анета за ЦИВИЛ Медиа.

„Труења има во континуитет и насекаде, полицијата секогаш добива голем број пријави и укажувања за редовно фрлање отрови на одредена локација. За жал, најчесто не излегуваат на терен, или постапуваат само проформа, бирократски… Најчесто процесот запира на правење записник и кревање раменици од нивна страна. Активностите кои ги преземаат се површни, неадекватни, недоволни, колку да се рече дека нешто е преземено. Во целост го маргинализираат кривичниот деликт, иако законот за вакви дела предвидува и казна затвор. Институциите се во континуитет неажурни и инертни за појавата на расфрлање отрови, иако таквото дело е опасност по здравјето и безбедноста на сите, а насилството врз животните е речиси секогаш, само еден чекор пред насилство врз луѓето. Посочуваме дека да расфрлаат отрови и мачат и убиваат животни, можат само деликвенти, социопати, насилници… Затоа, повеќе од било кога, евидентна е потребата од наменска, специјализирана служба во Република Македонија, ‘Полиција за животни’, служба која ќе биде сочинета од активисти и лица кои вистински ќе се посветат на превенција/евиденција/санкција на овие недела”, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Наташа Кнежевиќ, активистка на „Анима Мунди“.

„Ги повикуваме институциите – Министерство за внатрешни работи, Агенција за храна и ветеринарство, единиците на локална самоуправа, итно да постапат, да изнајдат хумани и ефикасни начини за надминување на проблемот со бездомни животни; да се укине слободната продажба на отрови кои се опасност за сите; да се најде решение за формирање на Полиција за животни, затоа што е повеќе од очигледен фактот дека насилството врз животните е декаден срам и обележје на Република Македонија“, се вели во соопштението на „Анима Мунди“.

Освен во парковите, отров е забележан и во близина на неколку училишта и градинки низ цела територија на Македонија, односно на фреквентни места каде што континуирано циркулираат поголем број на луѓе и деца. Еден таков случај е забележан во Охрид во близина на детската градинка “Јасна Ристеска” каде што за два дена се затруени поголем број на бездомни кучиња.

Ивана Талеска

 

 

Tags: „Анима Мунди“животникучињаогнено оружјеопшта опасностотровсоциопатистапици
Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ