Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за молк по повод објавувањето на дипломатска нота од страна на Бугарија. Мицкоски бурно реагираше на објавувањето на дипломатска нота од страна на официјална Софија, која содржела чувствителни безбедносни информации поврзани со семејството на премиерот.
ВМРО-ДПМНЕ го квалификува овој чин како дипломатски преседан и кршење на меѓународните дипломатски правила. Според пратеникот Миле Лефков, ваквите постапки на Бугарија претставуваат директен предизвик за државниот суверенитет, барајќи обединет став од сите политички чинители во земјата.
Реториката на ВМРО-ДПМНЕ се прошири и кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кому му се префрла дека нема реакција и јасен став во однос на овој инцидент. Владејачката структура тврди дека молкот на Филипче е резултат на неговата желба за одржување на лични релации со бугарските власти, наместо заштита на националните интереси.
Наративите што ги шири ВМРО-ДПМНЕ против СДСМ се сведуваат на обвинувања дека опозицијата е спремна за прифаќање на уставни измени без соодветни гаранции за македонските интереси, слугување на туѓи агенди, и политичка калкулација за добивање поддршка од надвор.
Д. М.












