Стапките на неухранетост кај децата во Појасот Газа се дуплираа откако Израел остро го ограничи влезот на храна во март, соопштија ОН, објави Асошиетед прес.
Според здравствените службеници, во нови израелски напади загинаа повеќе од 90 Палестинци, вклучувајќи десетици жени и деца.
Гладот се зголемува кај повеќе од 2 милиони Палестинци во Газа откако Израел го прекрши прекинот на огнот во март за да ја продолжи војната и забрани влегување на сите прехранбени и други залихи во Газа, велејќи дека целта е да се изврши притисок врз Хамас да ги ослободи заложниците. Малку ја олесни блокадата кон крајот на мај, дозволувајќи влез на мала помош, пишува АП.
UNRWA, главната агенција на ОН што се грижи за Палестинците во Газа, соопшти дека во јуни прегледала речиси 16.000 деца под 5 години во своите клиники и открила дека 10,2% од нив се акутно неухранети. За споредба, во март, 5,5% од речиси 15.000 деца што ги прегледала биле неухранети.
Д. Т.