Кога Трамп се согласи да продава софистицирано американско оружје на Европа за да може да се испорача во Украина, европските лидери забележаа важна промена. Сепак, овие лидери се претпазливи, дури и ако Трамп одеднаш остро го критикува претседателот Владимир Путин, пишува Њујорк Тајмс.
Европејците се смеат низ стиснати заби, разбеснети од заканата на Трамп да ги зголеми царините на 30 проценти за сите стоки што пристигнуваат во САД од ЕУ.
Новиот став на Трамп „можеби е добра вест, но добра вест за колку долго и под кои услови?“, праша еден експерт, додавајќи: „Тоа не прави ништо за да ги реши проблемите на трансатлантските односи“, објави Њујорк Тајмс.
Во меѓувреме околу 1.350 работници беа отпуштени во американскиот Стејт департмент минатата недела меѓу нив и виши аналитичари на разузнавањето кои се специјализирани за Русија и Украина.
Отпуштањата беа во Бирото за разузнавање и истражување на одделот, попознато како INR. Бирото не вработува шпиони и не врши сопствен надзор, но обезбедува анализи за светските настани за да помогне во водењето на американската дипломатија, пишува Њујорк Тајмс.