• Latest
Фото: Ивон Величковски / Фејсбук

Величковски: Единствената црвена линија за ЕУ интеграциите – и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат земјата да стане дел од ЕУ

August 31, 2025

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ

Величковски: Единствената црвена линија за ЕУ интеграциите – и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат земјата да стане дел од ЕУ

За ова нема потреба од собраниска декларација

August 31, 2025 14:28
in МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ, ПОЛИТИКА, ПРОЦЕСИ
Фото: Ивон Величковски / Фејсбук

Фото: Ивон Величковски / Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter
Единствената црвена линија за ЕУ-интеграциите на Северна Македонија гласи: И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат земјата да стане дел од ЕУ.
За ова нема потреба од собраниска декларација, тврди во објава на Фејсбук поранешниот пратеник и иницијатор на Движењето за нова република, Ивон Величковски.

Ова е јасен заклучок и на македонскиот народ и на целокупната нација на Северна Македонија и на Новата Република само и припаѓа задачата да го дефинира и соопшти.
Дека ВМРО-ДПМНЕ сосе ЗНАМ и ВЛЕН нема намера да ги придвижува евроинтеграциите е јасно уште од пред 2024.
Тие го саботираа патоказот за полноправното членство во ЕУ – Преговарачката рамка спротивставувајќи се на уставните промени со кои македонскиот народ просперира – низ гарантирање на еднаквоста на сите народи во Северна Македонија. Сега работат на ништење на принципите на Рамковниот договор – и со тоа на самиот Устав.
Дека СДСМ не е заинтересиран за евроинтеграциите стана јасно откако го одмолчаа еден од главните услови за опозициска соработка: да ги предложат уставните промени до средината на јануари 2025.
Како и законот за ветинг на политичарите, новинарите, судиите и обвинителите. И законот за дополнување на опфатот на рестриктивните мерки и за лицата на “црните листи” на САД, ОК и Канада и проширена конфискација на имот. И новиот кривичен законик кој е подготвен со европски пари и консултации и чека во фиока…
Затоа обете партии – едната подружница на СНС, другата на СПС во Скопје – односно нивни функционери се означени како носители на “српскиот свет” во Извештајот на Европскиот Парламент, кој ги опфати перформансите на Северна Македонија во владите и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.
И сега, зависни од режимот на Вучиќ – обете партии заедно со МПЦ врамена во статусот на полуавтокефална подружница на СПЦ – грчевито ќе се борат за одржување на неговата власт и доминација нудејќи го Скопје како локација за банките, бизнисите и медиумите на српската владејачка партија.
Само неповрзано со Брисел, Скопје може да остане административен центар на јужното крило на “српскиот свет”.
Последно во низа, за очекување е да се промовира тезата дека Македонците треба да се потпрат на искуството на “фините семејства” од социјализмот кои беа влијателни во периодот до 1991, се потоа ја креираа транзицијата, произведувајќи ја деиндустријализираната и иселена Северна Македонија.
Истите кои предизвикаа три иселенички бранови и ја уништија економијата на земјата контролирајќи го нејзиниот буџет и законодавство – преку овие партии и нивните медиуми.
Црвената линија на македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија е ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Партиите кои ставија три вета на евроинтеграциите: 1997, 2008 и 2022.
Затоа, сега нека си глумат локални избори што мислат дека ги контролираат. За да го сокријат фактот дека не ги контролираат предвремените парламентарни догодина.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Фејсбук профилот на Ивон Величковски.

 

 

Tags: ВМРО - ДПМНЕЕУ интеграцииСДСМцрвени линии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ