Што им порачаа на властите читателите на ЦивилМедиа во пораки на Граѓанскиот форум, во петокот ( 18 јуни, 2025)?
„Граѓански форум“ е простор во кој секој петок, како завршница на прашањата на денот, граѓаните без задршки имаат можност преку коментари да испратат пораки, искуства но и критики до властите, институциите, политичарите, а според досегашните одговори, тие тоа го прават на јасно артикулиран начин, со директни пораки и сугестии.
Во продолжение ќе наведеме неколку од бројните пораки од граѓанките и граѓаните, а како што ќе прочитате, една од пораките се повторува на секој Граѓански форум, а таа е „Да си заминат“.
Што им порачаа граѓаните на властите?
„Да си заминат и да не лажат повеќе“.
„Што побргу уставните измени, Бугарите во Устав и да се откочи патот кон членство во ЕУ.“
Референдум за „странските милијарди“
На граѓанскиот форум неретко се одвива и дебата помеѓу неколку читатели, овој пат дебатата се одвиваше околу тоа дали треба да се вметнат Бугарите во Уставот, НАТО членството итн.
ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ): Што сакате да им порачате на властите?
Граѓаните бараат и оставка од министерот за внатрешни работи.
Бараат независно судство и почит од власта кон граѓаните.
Сите пораки од петочниот граѓански форум може да ги прочитате на нашата фејсбук страница ( на линкот во продолжение)
Редакцијата на ЦивилМедиа е отворена за граѓанките и граѓаните не само во петок, туку и секој ден од неделата, да споделат свои пораки, прашања, грижи и искуства, било во коментари или во пораки, и им заблагодарува за довербата, отвореноста и директниот настап. Ве очекуваме секој ден, а во специјализиран простор – секој петок во Граѓанскиот форум.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Д. Т.