• Latest
Реакции, транспарентност, избори

РЕАКЦИИ: Транспарентност? Само за време на избори!

July 31, 2025

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Транспарентност? Само за време на избори!

July 31, 2025 15:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Реакции, транспарентност, избори

Фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

„Ич – народски кажано!“: Граѓаните незадоволни од транспарентноста на власта и институциите

Прашањето на денот кое го поставивме – „Колку власта и институциите се транспарентни и достапни?“ – предизвика бурни реакции кај граѓаните. Одговорите се речиси едногласни: недостиг од транспарентност, одговорност и достапност.

„Ич – народски кажано!“, гласи еден од коментарите кој накусо го сумира општото расположение. Мнозинството коментари се исполнети со цинизам, разочараност и критики на адреса на институциите – и актуелните и поранешните.

„Ниту слушаат, ниту реагираат. Пред вас климаат со глава, но реално ништо не е ниту транспарентно, ниту доследно.“

Овој став го делат многумина, кои велат дека контакт со институциите е речиси невозможен, дури и кога станува збор за најосновни барања:

„На обичен телефонски повик никој не одговара, на прашања на меил никој не одговара… па ќе зборуваме за транспарентност?!“

Граѓаните не гледаат разлика ни меѓу сегашната и претходните власти – за нив, недостапноста и игноранцијата се континуитет:

„Потполно исто – и актуелните и претходните. Колку што сакаат тие што одлучуваат за тоа.“

Најострите критики доаѓаат на сметка на политичката култура во земјава, каде, како што велат граѓаните, институциите исчезнуваат веднаш по изборите:

„За време на избори… А после ги нема. Многу се заузети во профитирање и лажење.“

Еден корисник го опишува степенот на транспарентност со една кратка формула:

„Негативна нула“
додека друг додава:
„10% максимум“ – што, иронично или реално, сугерира дека некоја форма на достапност постои, но е недоволна.

Овие реакции се јасен показател на загубената доверба во институциите. Отсуството на одговорност, затвореноста кон јавноста и недостигот на комуникација оставаат простор за револт, и – уште полошо – апатија.

Прашањето останува отворено:
Ќе ја чујат ли институциите пораката на граѓаните?

A.M.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ