• Latest

Луксузни јахти и лигњи на Заев и Филипче – рецепт на власта за дефокус од скапотијата и празната кошничка

August 12, 2025

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ПРОПАГАНДА

Луксузни јахти и лигњи на Заев и Филипче – рецепт на власта за дефокус од скапотијата и празната кошничка

August 12, 2025 14:38
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Додека цените на храната секојдневно растат, премиерот Христијан Мицкоски ни продава приказна за „длабински анализи“ и „трајни решенија“. Веќе слушната реторика – многу зборови, малку дела. Обичниот граѓанин нема никаква корист од економска стратегија која трае во недоглед, додека маркетите секој ден ги зголемуваат цените, а пазарната кошничка (торба) е се попразна.

Во обид да се прикаже како одговорен лидер, Мицкоски обвинува дека инфлацијата ја предизвикуваат услугите и „зголемените плати“, како да е проблем работниците да добиваат нешто повеќе за својата работа. Притоа, тој удобно заборава дека Владата има директна одговорност за економските политики кои ја одржуваат високата инфлација.

Во исто време, јавноста е бомбардирана со сензационални обвинувања кон опозицијата, хранета со политички спектакли – фотографии и обвинувања за луксузниот одмор на Венко Филипче и Зоран Заев на јахта во Грција. Наместо фокус на реални економски проблеми, власта го користи како спин за да го пренасочи вниманието – класичен рецепт на политичка манипулација: критикувај ги другите за луксуз, додека и сам си далеку од животот на просечниот граѓанин.

„Додека на Бихачка штанцаат соопштенија за тоа колку лошо се живее во државата, гледаме како Филипче одлично живее. Додека Венко Филипче и СДС имаат лажно душегрижништво за правата на работниците, велат дека има ниска минимална плата и притоа велат дека знаат како му е на народот, го гледаме Венко Филипче во друштво на Зоран Заев на јахта во Грција. Чалам, луксуз, скапи јахти, коли, мотори и ресторани. Ниту ги интересираат граѓаните кои поради нив живееја со 150 денари на ден, ниту пак знаеја како да им ги решат проблемите. Тие знаат само за тендери и провизии. И на власт и во опозиција со украдените пари, уживаат во октоподи, лигњи, тропски плодови, за нив ништо се нема сменето, вели од партиското седиште пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, кој впрочем во јуни, во Собранието гласаше против предлог-законот за зголемување на минималната плата на работниците на 500 евра.

Наместо да понуди план за поевтина храна, власта сервира сензационализам, надевајќи се дека ќе ја пренасочи јавната лутинa за скапотијата кон опозицијата. Ова е стара и валкана политичка игра – фрли малку скандал, малку патриотска реторика, па покриј ја економската немоќ. Но вистината е едноставна: додека Мицкоски „анализира“, граѓаните плаќаат. Но, и Мицкоски е подготвен, како што истакна, да плати политичка цена.

„Апслутно да, зашто сме свесни, откако го лоциравме проблемот, дека тоа можеби ќе има и политичка цена и тука немаме никаква дилема, но подобро на каток рок да ја платиме таа политичка цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет на долг рок, подвлече премиерот за мерките кои, изјави, нема да бидат популистички.

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи вели дека Владата се потпира на импровизација и пропаганда. Наместо системски да го искористи Законот за нефер трговски практики, кој може да намали цени и до 30% преку санкционирање на неправедните профити, таа води политички маркетинг.

Наместо решение, имаме медиумска игра и одржување на политичкиот наратив, додека цените растат, а довербата во институциите паѓа. Додека Мицкоски анализира, цените одат нагоре, а граѓаните плаќаат. Владата продава приказни за „трајни решенија“ и „политичка храброст“, но вистината е дека ова е само уште еден медиумски декор за прикривање на економската немоќ.

ЦХТМ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ