• Latest

Глоба за „Стентон“ поради продолжување на работата и без Б-интегрирана еколошка дозвола

April 12, 2017

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Глоба за „Стентон“ поради продолжување на работата и без Б-интегрирана еколошка дозвола

April 12, 2017 11:18
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Инспекциските служби во Општина Битола, започнаа постапка за изрекување глоба за фирмата „Стентон“ ДОО, која поседува концесија за ископување на минерални суровини и за изградба на каменоломот кај месноста „Билбил Камен“. Глобата е поради продолжувањето со работа и откако фирмата не ја доби  Б-интегрираната еколошка дозвола за работа.

„По дадените препораки и инспекцискиот надзор, констатирано е дека концесионерот ДОО ‘Стентон’ продолжи со експлоатација на минерални суровини без Б-интегрирана еколошка дозвола што е спротивно на законот. Поради непочитување на препораките и кршење на законот, исто така, им беше изречена и казна-глоба од инспекциските структури“, изјави денеска советникот од редовите на СДСМ во Општина Битола, Горан Козаров. Тој ги повика вработените во локалната самоуправа да ги почитуваат законите и да не подлегнуваат на притисоците кои, како што истакна, се сè почести.

Во известувањето кое беше презентирано на денешната седница на Советот стои дека на 27 март бил извршен инспекциски надзор на каменоломот и било констатирано дека врши ископ без добиена Б-интегрирана еколошка дозвола. На 31 март повторно бил направен инспекциски надзор, по што било заклучено дека фирмата продолжила со експлоатација. По ова, според информацијата на инспекторот, започнале постапка за изрекување глоба против ДОО „Стентон“.

По одлуката Општина Битола да не ја додели Б- еколошката дозвола за градба, ЦИВИЛ Медиа разговараше со граѓанската организација „За нас се работи“, од каде ни изјавија: „Уште во 2012 година ‘Стентон градба’ доби концесија за геолошки истражувања. Со таа концесија беше предвидено, во период од две години да се направат истражувања и да се произнесат дали ќе бидат концесионери за ископување на минерални суровини. По две години, ‘Стентон градба’ ги доби сите дозволи за градба од надлежните, освен Б-интегрираната дозвола, која треба да ја издаде Општината. Нашиот став е дека целата процедура од Општината е несериозна, во поглед на поднесување на барањето и одговорот што само се одолжува, а за кое време – концесионерот работи. Процесот за давање  дозвола е поедноставен и требаше да се одлучи досега, а не да се врати назад кај Министерството за животна средина. Во ред е Општината да врати на разгледување, но концесионерот во тој период да прекине со работа, што сега не е случај. За цел овој период во кој се чека одговор, концесионерот продолжува со работа“.

Каменоломот е само на 800 метри од Битола и нема  ниедно мерење што покажува дека нема да ја загадува животната средина.

Tags: Б-дозволаБитолаДОО СтентонекологијаЗа нас се работикаменолом
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ