Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, е осуден на 27 години и три месеци затвор откако беше прогласен за виновен за заговор за воен удар, пренесува Би-би-си.
Панел од пет судии на Врховниот суд ја изрече казната само неколку часа откако го осудија поранешниот лидер.
Тие пресудија дека тој е виновен за водење заговор со цел да се задржи на власт откако ги загуби изборите во 2022 година од неговиот левичарски ривал, Луиз Инасио Лула да Силва.
Четири од судиите го прогласија за виновен, додека еден гласаше за негово ослободување. Адвокатите на Болсонаро ја нарекоа казната „апсурдно прекумерна“ и рекоа дека ќе поднесат „соодветни жалби“.
М. Д.