Соединетите Американски Држави го суспендираа на неодредено време планираниот стратешки дијалог со Косово, поради загриженост во врска со активностите на привремената влада кои ги зголемија тензиите и нестабилноста, ограничувајќи ја способноста на Соединетите Американски Држави продуктивно да работат со Косово по заеднички приоритети, соопшти денеска Амбасадата на САД во Приштина.
„Остануваме посветени на унапредување на заедничките интереси што ги делат Соединетите Американски Држави и народот на Косово. Нашиот однос со Косово се заснова на заедничка цел: зајакнување на мирот и стабилноста како основа за меѓусебен економски просперитет. За жал, неодамнешните активности и изјави на привремениот премиер Курти претставуваа предизвици за напредокот постигнат во текот на многу години.
Стратешкиот дијалог имаше за цел да ги зајакне економските и дипломатските врски во корист на американскиот и косовскиот народ. Се надеваме дека ќе продолжиме со вакви напори во иднина кога ќе биде соодветно. Знаеме дека ова е цел што ја дава приоритет народот на Косово.“, се наведува во соопштението на американската амбасада во Приштина.
Д. Т.