• Latest

Наспроти антизападните наративи, расте поддршката за членство во ЕУ

September 25, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

„Еднакво на пораз“ – дури и руските пропагандисти признаваат дека војната во Украина не оди добро за Москва

September 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на
DawnNews English

Коцкањето на Трамп со Белорусија – хуманитарна победа или дипломатски ќорсокак?

September 29, 2025
Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига (фото извор: ФБ профил на Андриј Сибига)

Сибиха: Украинското оружје може да погоди која било воена цел во Русија

September 29, 2025
Се наведува дека пожар избувнал во фабриката за електрични компоненти „Карачов“ во руската област Брјанск преку ноќ на 29 септември 2025 година, по напад со беспилотно летало. Фото: Скриншот од Астра/Телеграм

Украина нападна фабрика за произведство на електроника за воена употреба во руската област Брјанск

September 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Продолжува потрагата по исчезнати откако најмалку 4 лица загинаа во пукотница и пожар во црква во Мичиген

September 29, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп го пречекува Нетанјаху во Белата куќа, додека го промовира новиот мировен план за Газа

September 29, 2025

24 ЧАСА: Почна кампањата за локалните избори; Молдавија покажа дека ни дезинформациите не можат да го попречат европскиот пат – вели Зајкова; ЕУ ја победи Москва; Орли, кучиња, врапчиња и гласачи на изборната сцена

September 29, 2025
Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Зајкова за ЦИВИЛ: Изборите во Молдавија покажаа дека дури и координираните дезинформации не можат да го попречат европскиот пат

September 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на
StadtDortmund

Изненадување на локалните избори во Германија: По 79 години, падна бастионот на социјалдемократијата во Дортмунд

September 29, 2025

Меџити: Времето на поделби и лаги заврши, време е за работа, ред и развој, време е за Чаир

September 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Наспроти антизападните наративи, расте поддршката за членство во ЕУ

September 25, 2025 08:30
in ВЕСТИ, КОНТЕКСТ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на растечкиот тренд на антизападни наративи во јавната комуникација, како во изјавите на дел од политичките актери во земјата, така и во дел од медиумите и социјалните мрежи, важно е да се истакне дека поддршката на граѓанките и граѓаните на Северна Македонија за интеграција во ЕУ останува висока. Дури и расте споредено со претходните години.

Ова го покажува анкетата што неодамна ја спроведе Меѓународниот републикански институт (IRI) која покажува силна поддршка за членство во Европската Унија (ЕУ) во поголемиот дел од Западен Балкан.

Дури 89 проценти од граѓаните на Косово би гласале за приклучување кон блокот доколку денес се одржи референдум, по што следат 73 проценти во Црна Гора, 70 проценти во Северна Македонија, 66 проценти во Босна и Херцеговина, додека во Србија 39 проценти од испитаниците се изјасниле позитивно во однос на Унијата.

извор: ИРИ

Во Северна Македонија, поддршката за членство во ЕУ бележи благ пораст во однос на претходните години, односно, од 66 проценти во 2022, тој процент порасна на 68 проценти во 2024 година, додека во 2025 година, 70 проценти од испитаниците се изјасниле позитивно. Интересно е да се забележи дека на референдум за членство во ЕУ, против би се изјасниле само 10 проценти, а не би гласале 12 проценти од испитаниците.

За разлика од Косово, каде што поддршката за ЕУ е највисока, но не заостануваат ниту Црна Гора и БиХ, во Србија владее анти-ЕУ расположение.

„Секоја земја од Западен Балкан се соочува со внатрешни предизвици што ја загрозуваат регионалната стабилност“, рече Стивен Никс, виш директор за Европа и Евроазија во IRI. „Членството во ЕУ би помогнало многу кон зголемување на стабилноста, а луѓето од регионот се подготвени да се приклучат.“

На домашен план, граѓаните во поголемиот дел од регионот ги наведоа трошоците за живот и високите цени како нивни главни загрижености, почнувајќи од 23 проценти во Србија до 45 проценти во Косово. Ова е во согласност со анкетата на IRI за Западен Балкан од 2024 година, која покажа слични нивоа на загриженост во повеќето земји.

„Со изборите на повидок во Косово и Северна Македонија – и други на радарот – владите и политичките партии треба да бидат одговорни кон своите избирачи и да се справат со предизвиците поврзани со трошоците за живот што ги поттикнуваат нивните загрижености“, изјави Никс.

Д. Т.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Две години од нападот во Бањска, терористите сè уште на слобода; Разрешен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај; Рама ги повика странците да инвестираат во Албанија пред зачленувањето во ЕУ

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ