• Latest

Наспроти антизападните наративи, расте поддршката за членство во ЕУ

September 25, 2025
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Наспроти антизападните наративи, расте поддршката за членство во ЕУ

September 25, 2025 08:30
in ВЕСТИ, КОНТЕКСТ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на растечкиот тренд на антизападни наративи во јавната комуникација, како во изјавите на дел од политичките актери во земјата, така и во дел од медиумите и социјалните мрежи, важно е да се истакне дека поддршката на граѓанките и граѓаните на Северна Македонија за интеграција во ЕУ останува висока. Дури и расте споредено со претходните години.

Ова го покажува анкетата што неодамна ја спроведе Меѓународниот републикански институт (IRI) која покажува силна поддршка за членство во Европската Унија (ЕУ) во поголемиот дел од Западен Балкан.

Дури 89 проценти од граѓаните на Косово би гласале за приклучување кон блокот доколку денес се одржи референдум, по што следат 73 проценти во Црна Гора, 70 проценти во Северна Македонија, 66 проценти во Босна и Херцеговина, додека во Србија 39 проценти од испитаниците се изјасниле позитивно во однос на Унијата.

извор: ИРИ

Во Северна Македонија, поддршката за членство во ЕУ бележи благ пораст во однос на претходните години, односно, од 66 проценти во 2022, тој процент порасна на 68 проценти во 2024 година, додека во 2025 година, 70 проценти од испитаниците се изјасниле позитивно. Интересно е да се забележи дека на референдум за членство во ЕУ, против би се изјасниле само 10 проценти, а не би гласале 12 проценти од испитаниците.

За разлика од Косово, каде што поддршката за ЕУ е највисока, но не заостануваат ниту Црна Гора и БиХ, во Србија владее анти-ЕУ расположение.

„Секоја земја од Западен Балкан се соочува со внатрешни предизвици што ја загрозуваат регионалната стабилност“, рече Стивен Никс, виш директор за Европа и Евроазија во IRI. „Членството во ЕУ би помогнало многу кон зголемување на стабилноста, а луѓето од регионот се подготвени да се приклучат.“

На домашен план, граѓаните во поголемиот дел од регионот ги наведоа трошоците за живот и високите цени како нивни главни загрижености, почнувајќи од 23 проценти во Србија до 45 проценти во Косово. Ова е во согласност со анкетата на IRI за Западен Балкан од 2024 година, која покажа слични нивоа на загриженост во повеќето земји.

„Со изборите на повидок во Косово и Северна Македонија – и други на радарот – владите и политичките партии треба да бидат одговорни кон своите избирачи и да се справат со предизвиците поврзани со трошоците за живот што ги поттикнуваат нивните загрижености“, изјави Никс.

Д. Т.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ