• Latest

24 ЧАСА: Почна кампањата за локалните избори; Молдавија покажа дека ни дезинформациите не можат да го попречат европскиот пат – вели Зајкова; ЕУ ја победи Москва; Орли, кучиња, врапчиња и гласачи на изборната сцена

September 29, 2025

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Почна кампањата за локалните избори; Молдавија покажа дека ни дезинформациите не можат да го попречат европскиот пат – вели Зајкова; ЕУ ја победи Москва; Орли, кучиња, врапчиња и гласачи на изборната сцена

September 29, 2025 17:27
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Почна официјалната дваесетдневна кампања за локалните избори

Изборната кампања започна на полноќ и ќе трае дваесет дена односно до 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи две недели подоцна на 2 ноември…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Вчерашните избори во Молдавија покажаа дека дури и координиранате дезинформации не можат да го попречат европскиот пат на Молдавија, што беше одобрено минатата година. Пофалба до изборните власти за добро спроведениот процес, но и за народот на Молдавија за нивното смирено, граѓански ориентирано учество, изјави за ЦИВИЛ Медиа лидерката на ЛДП, Моника Зајкова, која беше во состав на собраниската делегација како дел од делегацијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа во меѓународната мисија за набљудување на парламентарните избори во Молдавија

РЕГИОН

Дали БРИКС е алтернатива на Србија за ЕУ?

Меѓународната парламентарна конференција „БРИКС – Србија меѓу пријатели“ се одржува денес во Домот на Народното собрание на Србија. Конференцијата е организирана од Социјалистичкото движење и неформалната парламентарна група за соработка и пристапување кон БРИКС, во соработка со Институтот за стратешки социјален дијалог, пишуваат српските медиуми.

СВЕТ

Пораз на Кремљ, проевропската партија на Санду освои мнозинство на парламентарните избори во Молдавија, отворена вратата кон ЕУ

Проевропска Партија за акција и солидарност (ПАС), предводена од претседателката Маја Санду, победи на клучните парламентарни избори во Молдавија, во услови на растечка загриженост за потенцијално руско мешање.

Со преброени 99,91% од гласачките ливчиња, ПАС обезбеди 50,16% од гласовите, што ѝ дава јасна предност и ја потврдува јавната поддршка за напорите на Санду кон европска интеграција…

АЛ-ПРЕС

Во денешниот редкциски избор од албански медиуми читајте:  Велиај го оспори разрешувањето пред Уставен суд; Диела се обрати на Конгресот за нанотехнологија; Уште еден ден до одлуката на косовскиот уставен суд за изборот на градоначалници

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што очекувате од изборната кампања?

Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ

Орли, кучиња, врапчиња и гласачи: Дуел на политичките ривали на изборната сцена

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на промотивната конвенција на Националната алијанса за интеграција (НАИ), повтори дека Рамковниот договор останува клучен документ за мирот и стабилноста во земјата и дека мора да се почитува од сите политички страни. Во својот говор, тој жестоко го критикуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека преку своите политики и изјави ги потценува правата на Албанците и создава опасни тензии…

ДЕЗИНФО

Манипулација на ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски не е кандидат на СДСМ, Заев и Филипче

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштенија, партиски послушници и одредени медиуми и Фејсбук страници тврди дека Стевчо Јакимовски бил „кандидат на СДС(М), Зоран Заев и Венко Филипче“ за Општина Карпош. Ова е невистина и манипулација.

СЛОБОДНА ЗОНА

Токму изборите се главната тема во Македонија, а секако главна тема се не поради тоа што се судбински (освен за некои поединци во политиката), туку затоа што на крајот ќе ја покажат нашата колективна самосвест и нашиот однос кон нашите секојдневни потреби, односно комунални прашања. Тоа што повторно некој ќе гласаат по автоматизам „и за магарето“ во вкупниот резултат на проценка на нашата политичка свест нема значење. Всушност оваа колумна има за цел само да ве потсети драги мој сограѓани, а посебно драги мој сопартијци на тоа како пред четири години гласавте по автоматизам. Видливо е дека ви се врши силен притисок повторно да гласате по автоматизам (онака без мозок, без расудување), пишува Оливер Андонов во колумната „Избори, нервоза и сказни.“

Подготви: Д. Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ