• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

September 22, 2025
Фотгорафија: Собрание на РСМ

Гаши-Фон дер Лајен: Слоганот на ЕУ „обединети во различностите“ најдобро ја опишува Северна Македонија

October 15, 2025
Скриншот од видео снимка

Големи руски напади ја прекинаа струјата во Кијив и низ цела Украина

October 15, 2025
Фото: скриншот

Францускиот суд ја потврди забраната на Марин Ле Пен да учествува на избори

October 15, 2025
Никица Корубин,  магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Корубин: Чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот со авторитарна свест

October 15, 2025

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

September 22, 2025 14:41
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Европската делегација наведува дека Албанија може да ја постигне целта за затворање на преговорите за пристапување до крајот на 2027 година, пренесоа албанските медиуми.

Поранешниот британски дипломат Џон Стјуарт Данкан, кој денес го започна своето сведочење пред Специјалниот суд во Хаг, по претходниот сведок Џејмс Рубин, повтори  дека Хашим Тачи требало да се консултира со нив за договор, пишуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Панорама – Делегацијата на ЕУ во Тирана: Албанија може да ја постигне целта за затворање на преговорите за членство до крајот на 2027 година

Делегацијата на ЕУ во Тирана реагираше по положувањето заклетва на владата „Рама 4“, честитајќи им на премиерот Еди Рама и на министрите за преземањето на функцијата.

Европската делегација наведува дека Албанија може да ја постигне целта за затворање на преговорите за пристапување до крајот на 2027 година.

„Честитки до премиерот Еди Рама и до сите министри за преземањето на функцијата.

Со постојан напор за усвојување и спроведување на потребните реформи преку транспарентни и инклузивни процеси, Албанија може да ја постигне амбициозната цел за затворање на преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на 2027 година.

Со нетрпение очекуваме да соработуваме со сите засегнати страни во Албанија за да го постигнеме овој историски момент, во корист на албанските граѓани“, пишува канцеларијата на ЕУ во Албанија, пренесе Панорама.

КОСОВО

ИНА: И третиот сведок, поранешен британски дипломат, во Хаг рече дека Тачи не донесувал одлуки во ОВК

Тројца сведоци повикани од одбраната на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, еден од водачите на Ослободителната војска на Косово, се изјаснија за моќта на зонските команданти.

Поранешниот британски дипломат Џон Стјуарт Данкан, кој денес го започна своето сведочење пред Специјалниот суд во Хаг, исто така рече дека Хашим Тачи требало да се консултира со нив за договор.

Тој рече дека Агим Чеку му го потврдил ова за време на средбата со него во Тирана.

„Вистинската моќ во структурата на ОВК ја држеа регионалните команданти. Ова го потврди генералот Агим Чеку на почетокот на преговорите за договорот. Тој ни рече дека не може да го стори тоа без присуство на зонските команданти. Му верував! Беше убедлив по ова прашање. Првиот рече дека г-дин Тачи не е достапен и дека за да се направи такво нешто, г-дин Тачи мора да биде консултиран. На 14 јуни во Тирана, имав разговор со Чеку“, рече Данкан,.

„Во хиерархиската структура што функционираше на нехиерархиски начин, не можевме едноставно да одиме и да разговараме со г-дин Тачи, мораше да разговараме со оние кои навистина имаа надлежности, а тоа беа зонските команданти.“, пренесе ИНА.

ТВ 21: КБС отвори конкурс за 60 нови војници од немнозинските заедници

Косовските безбедносни сили (КБС) објавија нов конкурс за регрутирање на 60 активни војници од немнозинските заедници, давајќи им можност на младите мажи и жени да ѝ служат на својата татковина.

Оваа иницијатива е во рамките на континуираните напори за зајакнување на капацитетите на КБС и за обезбедување застапеност на сите заедници во безбедносните структури на земјата.

Сите заинтересирани кандидати се поканети да се запознаат со условите на конкурсот и постапката за аплицирање преку официјалната веб-страница на Министерството за одбрана, пренесе ТВ 21.

КОЛУМНА

Коха: Парадата на Вучиќ како закана за соседите, но и за неговите противници во Србија

„Србија на Александар Вучиќ, која речиси една година се бори со народен бунт против корупцијата и криминалот во владата, го избра 20 септември за да ја демонстрира воената моќ со милитаристичка парада во Белград. Парадата се одржа, како што беше кажано, за да го круниса денот на „српското единство, слободата и националното знаме“, кој се слави на 15 септември.

На два часа од Белград, во Вуковар, Хрватска, 20 септември се памети како ден кога во 1991 година започна вооружениот отпор на хрватските борци против српската агресија. Три месеци, србизираната југословенска армија, паравоените сили и други криминалци под команда на Белград брутално го напаѓаа Вуковар, предизвикувајќи илјадници цивилни жртви и речиси срамнувајќи го градот со барокна архитектура со земја. Вуковар беше погоден со до 7.000 гранати секој ден.

Со својата воена парада, Вучиќ испраќа две заканувачки пораки. Првата е насочена против неговите соседи.

Втората: против студентите и нивните бројни поддржувачи во Србија, кои протестираат од ноември минатата година против криминалот и корупцијата. Причина за протестите беше уривањето на дел од покривот на железничката станица во Нови Сад, каде што 16 невини луѓе ги загубија животите.

Како никогаш досега во текот на неговите години на владеење, Вучиќ се соочува со народен бунт што ги потресе темелите на власта. На 15 март оваа година, протестното движење во Србија успеа да собере околу 300.000 луѓе на улиците на Белград. Оттогаш, Вучиќ стана уште попараноичен за крајот на својот режим. Затоа, неговата цел е по секоја цена да ја минимизира масовноста на протестите. За таа цел, тој ја злоупотреби и армијата.“, пишува Авторот Ветон Сурои, во колумната „ Парадата на Вучиќ како закана за соседите, но и за неговите противници во Србија“, објавена во косовскиот дневен весник Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share47Tweet30Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    161 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ