Минатата недела министерот за јавна администрација, Горан Минчев, најави крај на партизирањето на јавната администрација или партиските вработувања. Тие со децении претставуваат дел од изборните калкулации или поточно партиските пресметки во пресрет на изборните процеси. И по многу најавувани реформи уште се дел од изборнито (партискито) мени.
Прашање на денот: Кој и како може да ја департизира администрацијата?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа