Фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е автентична и направена во Њујорк за време на свечениот традиционален прием организиран од претседателот Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп, реагираше претседателката на државата Гордана Силјановска – Давкова.
– Написите на одредени медиуми дека станува збор за фотографија со восочна фигура се целосно неточни, злонамерни и со јасна тенденција за дискредитација, вели таа.
Сиљановска – Давкова упати апел до медиумите за професионално, одговорно и чесно информирање на јавноста, со почитување на вистината како највисок демократски принцип.
Поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски обвини дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се фотографирала со восочните фигури на претседателот на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп.
„Зарем е можно, откако подолго време разговарала со првиот човек на САД, да не примети дека се тоа восочните фигури на Доналд и Меланија Трамп“, пишува тој на Фејсбук.
По реакцијата на Претседателката, Жерновски го избриша постот од Фејсбук.