• Latest

Дерала, Касале и Џозеф од Рим: Демократијата мора да се брани – со обединета Европа против војната, национализмот и авторитаризмот

October 2, 2025
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

Дерала, Касале и Џозеф од Рим: Демократијата мора да се брани – со обединета Европа против војната, национализмот и авторитаризмот

October 2, 2025 21:57
in ВЕСТИ, ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешниот јавен настан „Одбрана на демократијата и човековите права – Од препораки кон акција“ што се одржа во Рим, Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, ја промовираше книгата Одбрана на демократијата и човековите права – со извештаи и препораки за политики.

На настанот учествуваа и Роџер Касале, поранешен пратеник во британскиот парламент, експерт за европски политики и признат лидер и општественик на меѓународната сцена, Вестминстерска алијанса за Украина; коосновач на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата, како и Ерик Џозеф, новинар и дописник на Либерасион, предводник на организацијата Европа Сега (Europe Now), автор и писател.

„Ние граѓаните треба да се разбудиме, да се организираме, да имаме верба во себе и да се соочиме со опасноста. Европа треба да биде подготвена против заканите од Путин. Мора да бидеме подготвени што е можно поскоро. Време е да преземеме уште поголема одговорност“, изјави  Касале на промоцијата.

Џозеф се осврна на надворешните и внатрешните закани кон Европа, повикувајќи на обедината Европа во одбрана на демократијата.

„Треба да сме свесни дека сме под напад. Надворешни напади, пред сè од Путин, но исто така и од заканите на САД кон Европа. Потпретседателот Венс рече многу јасно дека ќе ги подржи крајно десничарските партии или на поинаков начин дека Европа е главен непријател на САД. Затоа треба да бидеме свесни за што се случува. Ова е надворешни закани. И секако и внатрешните закани  – националните и крајно десничарските партии кои се обидуваат да го уништат демократскиот свет од внатре. Затоа е важно да ја браниме демократијата, луѓето да се здружени, да се вмрежат, да бидат подготвени на мобилизација, борба против дезинформации. Новинарите се навистина важни и исто така да креираат нова надеж за европските граѓани. Нова надеж значи обединета Европа, федерална, со цел да се одбрани демократијата, но и социјалниот, еколошкиот, економскиот европски модел“, изјави Џозеф.

„Во време на растечки глобален екстремизам и авторитаризам, борбата за човекови права и демократија мора исто така да биде глобална. Политичките и општествените актери, институциите и иницијативите со демократска и умерена ориентација мора итно да најдат начини за меѓусебно зајакнување, заштита и поддршка. Тие треба да ги споделуваат своите искуства, ресурси и добри практики, притоа осигурувајќи дека овие напори допираат до пошироката јавност и до носителите на одлуки преку медиуми, правни механизми и граѓански активизам“, велат во воведот на книгата Д-р Волфганг Ресман, Медиа Дијалог, Хедер Роберсон, Роџер Касале и Џабир Дерала, која произлезе од меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“, што се одржа во декември 2024.

Промовирајќи ја книгата Дерала истакна дека демократијата е под силен притисок и сите чинители во општеството треба да се мобилизираат во нејзина одбрана.

„Ако ние до пред некоја година ја промовиравме демократијата, ги промовиравме и едуциравме за човековите права, сега се наоѓаме во ситуација да кажеме дека демократијата мораме да ја браниме. Демократијата е под силен притисок, под напад на диктатурата мораме да се мобилизираме час поскоро исклучително важни се медиумите, граѓанските организации, културата и уметноста, не само дипломатијата и воените средства кои се разбира дека треба да се зајакнат во системот на одбраната на Европа. Европа се повеќе изгледа дека е сама во оваа војна против диктаторските, авторитарните системи и режими“, потенцираше Дерала.

Настанот е дел од Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата , ко-основана од Новиот европски граѓански  народен форум (NEPF), Медија  дијалог и ЦИВИЛ– Центар за слобода, а поддржана од Europa Now!.

Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата  ги здружува пратениците, граѓанското општество и претставниците на медиумите низ цела Европа  промоција на демократската отпорност и соработка. Се фокусира на три главни столба: застапување и креирање политики, независна медиумска продукција, вклучувајќи го и подкастот „Eyes on Democracy“ ( Поглед кон демократијата), и нејзината водечка програма, Вестминстерската алијанса за Украина.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ