• Latest
Протестен марш за Палестина, Скопје 4 октомври 2025
Фото: Сите за П4лестина

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025 19:16
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Протестен марш за Палестина, Скопје 4 октомври 2025
Фото: Сите за П4лестина

Протестен марш за Палестина, Скопје 4 октомври 2025 Фото: Сите за П4лестина

Share on FacebookShare on Twitter

Под слоганот „Стоп на геноцидот – Маршираме за Палестина“ денеска во Скопје се одржа протестен марш во знак на солидарност со палестинскиот народ и осуда на воените злосторства и опсадата на Газа.

Како што соопшти организаторот – иницијативата „Сите за Палестина“, стотици граѓани се собраа пред споменикот „Симфонија на мирот“  од каде што маршот тргна кон зградата на Владата на Република Северна Македонија.

Организаторите на маршот нагласија дека „настанот е дел од глобалното движење на отпор и солидарност, кое има цел да го прекине молкот на меѓународната заедница и да изврши притисок врз владите да преземат конкретни чекори против израелската окупација и геноцидот“.

-„Нивната мака е огледало на нашата македонска мака. Нивната борба за парче сопствена земја е истата борба што нашите дедовци ја воделе, а ние и денес ја продолжуваме“, порача еден од говорниците на протестот. „Како што Македонија беше распарчена по војните, така и Палестина денес е окупирана и поделена. Болката на палестинската мајка е иста со болката на нашите баби прогонети од Егеј.“ Говорниците потсетија и на историската поврзаност меѓу македонската борба за самоопределување и палестинската борба за државност: „Нашата историја не учи колку е болно кога светот е нем за твојата неправда. Затоа, не смееме да молчиме за Палестина.

Да покажеме дека го разбираме страдањето и дека стоиме рамо до рамо со сите обесправени народи во светот,“ истакна друг говорник. Во емотивен говор, една активистка се наврати на своето детство во поранешна Југославија: „Израснав со филмови за партизани и холокаустот и верувавме дека такво зло нема никогаш повеќе да се повтори. А денес, 40 години подоцна, живеам во време кога нов холокауст се одвива пред нашите очи, секојдневно, како реално шоу. Овој момент е тест за нашата човечност. Дали навистина сме луѓе ако молчиме додека деца умираат?“, информира иницијативата „Сите за Палестина“.

Во соопштението наведува дека „организаторите остро ја критикуваа македонската надворешна политика, која и покрај мнозинството во меѓународната заедница, сè уште не ја признава државата Палестина“.

-„Веќе две години нашите влади го срамат угледот на Македонија на меѓународно ниво. Наместо независна и принципиелна политика, гледаме пасивност и усогласување со туѓи интереси. Македонија денес избира да го сврти погледот од геноцидот, и тоа е политичка одлука, не неутралност,“ рече еден од претставниците на иницијативата „Сите за Палестина“. Тие потсетија дека Македонија како дел од Југославија во 1988 година била меѓу првите држави што ја признале Палестина, испраќајќи јасна антиколонијална порака. „Нашата надворешна политика денес ја негира историјата и го поткопува сопствениот кредибилитет. Ако денес го игнорираме меѓународното право за Палестина, утре не можеме да очекуваме другите да го почитуваат тоа право кога станува збор за нашите национални прашања.“, стои во соопштението.

Посебно внимание на протестот, додава иницијативата, „беше посветено и на неодамнешниот напад врз глобалната хуманитарната флотија „Сумуд“, која превезуваше помош кон опколената Газа“.

-Организаторите и учесниците го осудија израелското пресретнување на бродовите во меѓународни води, квалификувајќи го како уште едно тешко кршење на меѓународното право и доказ за нелегалноста на поморската блокада на Газа. „Овие храбри активисти се симбол на човечката совест. Наместо да бидат поздравени, тие беа киднапирани на отворено море од држава која систематски го гази меѓународното право. Бараме нивно итно ослободување и заштита на правото на хуманитарна помош,“ порачаа од „Сите за Палестина“.

Маршот заврши пред зградата на Владата со повици за признавање на Палестина и конкретна политичка акција. Организаторите најавија дека овој марш е „дел од поширока кампања за политички притисок и јавна мобилизација“.

МИА/ Фотографии: Иницијатива „Сите за Палестина“

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ