• Latest

Стојадиновиќ: Без социјална правда сме модерни робови!

April 27, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Стојадиновиќ: Без социјална правда сме модерни робови!

April 27, 2017 15:24
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Соња Стојадиновиќ од граѓанското здружение „Солидарност“, во разговорот за ЦИВИЛ Медиа зборува за социјалната правда во Македонија, со посебен осврт на работничките права во велешкиот регион, со посебен акцент на состојбата во странската инвестиција – фабриката „Дрекслер-Маер“.

„Социјалната правда одамна е убиена! Ако не постои социјална правда, тогаш значи дека немаме право на нормален и достоинствен живот, а тоа значи дека сме – модерни робови“, тврди Стојадиновиќ.

„За состојбата со работничките права , конкретно, можам да зборувам за странската инвестиција ‘Дрекслер- Маер’. Можам да кажам дека Велес беше индустриски град, но со економијата и транзицијата, стана печалбарски град. Дури беше познат еден период и по мафијата која функционираше во Германија, создадена затоа што економијата на градот пропадна во транзициониот период“, вели Стојадиновиќ, која ни потенцираше дека, иако се работи за инвестиција во Кавадарци, сепак, голем дел од вработените се од Велес и тие се соочуваат со исти проблеми.

„Правото на достоинствен живот е неделиво со правото на живот во чиста еколошка средина. Најранливите категории на луѓе се најлесно таргетирани од урбаната и бизнис-мафија и од криминалците на власт. Полесно е да се направи депонија како пример на еколошко загадување, во средина кадешто живеат социјални случаи и кадешто луѓето немаат средства ни да се борат за својот живот – а не за животната средина, отколку во некои скапи населби. Правото на социјална правда и правото на достоинствен живот се исто важни, како и правото на чиста животна средина“, е ставот на Стојадиновиќ.

Марија Теговска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента


Интервјуто е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Цел на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Tags: „Општество без граници“екологијаживотна срединаСоња Стојадиновиќсоцијална правда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ