• Latest
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

November 29, 2026

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025 15:28
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

На 10 октомври 2025 година, Русија повторно ја «одбележа» годишнината од својот прв масовен напад врз енергетскиот систем на Украина во 2022 година, повторувајќи го истиот чин на терор. Преку ноќ, руските сили започнаа голем напад со беспилотни летала и ракети – повеќе од 450 беспилотни летала и над 30 ракети – намерно насочени кон енергетската инфраструктура на Украина и критичните цивилни објекти. Ова не беше воена операција, туку пресметан чин на терор насочен кон лишување на милиони Украинци од светлина, греење и вода пред зимата.

Како резултат на овој последен бран напади, 7-годишно момче беше убиено во Запорожја а повеќе од дваесет цивили низ целата земја беа повредени. Итни исклучувања на електричната енергија беа воведени во повеќе региони, вклучувајќи ги Киjив, Чернигив, Черкаси, Харків, Суми, Полтава, Одеса, Днипро, Запорожја, Херсон. Во моментов, во Киjив само повеќе од 5.800 станбени згради – и станбени блокови и приватни куќи – остануваат без електрична енергија. Екипите за поправка и првите реагирачи работат деноноќно за да ги обноват снабдувањето со електрична енергија и вода.

Напаѓањето на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид, како што е дефинирано во Член II (в) од Конвенцијата за геноцид – создавање неподносливи услови за живот за уништување на национална група. Лишувањето на луѓето од топлина и електрична енергија како што паѓаат температурите е намерна и нехумана тактика. Режимот на Путин го претвори енергетскиот терор во мрачна традиција, претворајќи ја зимата и темнината во оружје против цела нација. Дури и додека некои актери во светот продолжуваат да повикуваат на дијалог, Москва ги отфрла сите мировни напори и опстојува во својата кампања на уништување, докажувајќи уште еднаш дека го разбира само јазикот на силата и последиците.

Оваа агресија не смее да остане без одговор. Ги повикуваме нашите партнери да преземат решителни мерки: да ја забрзаат испораката на модерни системи за воздушна одбрана на Украина, да ги зајакнат санкциите против Русија и да ја прошират енергетската помош за да ѝ помогнат на Украина да ја издржи оваа брутална кампања. Само консолидиран и решителен притисок – економски, воен и политички – може да го натера Кремљ да сфати дека цената на продолжување на оваа војна далеку ќе ги надмине трошоците за нејзино завршување.

Светот може и мора да се одбрани од овој терор. Запирањето на руската агресија не е само задача на Украина – тоа е колективна одговорност да се почитуваат принципите на меѓународното право, да се заштити човечкиот живот и да се зачува глобалната стабилност.

Украина стои цврсто и непоколебливо. Остануваме длабоко благодарни на сите наши партнери и пријатели кои продолжуваат да стојат со нас во одбрана на слободата и правдата.

М. Д.

Tags: руски ракетен терор врз Украина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ