Центристот Родриго Паз победи на вториот круг од претседателските избори во Боливија во недела, победувајќи го конзервативниот ривал Хорхе „Туто“ Кирога, бидејќи најлошата економска криза во земјата во една генерација помогна да се стави крај на речиси две децении левичарско владеење, пренесува Си-ен-ен.
Пас, сенатор од Христијанско-демократската партија, освои 54,5% од гласовите, победувајќи ги 45,5% на Кирога, според првичните резултати од изборниот трибунал на Боливија. Но, партијата на Паз нема мнозинство во законодавниот дом на земјата, што ќе го принуди да склучува сојузи за ефикасно владеење.
Новиот претседател ја презема функцијата на 8 ноември.
Победата на 58-годишниот сенатор означува историски пресврт за јужноамериканската земја, управувана речиси континуирано од 2006 година од Движењето кон социјализам на Боливија, или МАС, кое некогаш уживаше огромна поддршка од домородното мнозинство во земјата.
М. Д.