Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, објави пост на Х за воведувањето на нови санкции насочени кон двете најголеми руски нафтени компании од страна на САД,во обид да извршат притисок врз Москва да преговара за мировен договор во Украина.
САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на рф, насочени кон Роснефт и Лукоил– компании што го финансираат воениот апарат на рф против Украина. Овие мерки се дизајниранини да ја намалат способноста на рф да ја финансира својата воена машинерија и да го зголемат притисокот врз рф за постигнување вистински мир.
🇺🇸воведоа санкции против енерг.сектор на рф, насочени кон Роснефт и Лукоил– комп. што го фин-ат воениот апарат на рф против 🇺🇦
Овие мерки се дизај-ни да ја намалат способ-та на рф да ја финан-ра свој-а воена маши-ја и да го зголемат притисокот врз рф за постигнување вистински мир pic.twitter.com/XPAJZ4f9vm— Larysa Dir (@dir_larysa) October 23, 2025
Објавата дојде еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планираната средба со неговиот руски колега Владимир Путин во Будимпешта ќе биде одложена на неодредено време.
Во средата, Трамп го критикуваше Путин дека не е сериозен во врска со постигнувањето мир и рече дека се надева дека санкциите ќе предизвикаат пробив.
Д. Мишев