• Latest

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

Но, тоа во сложената етничка структура на земјава не е ниту малку наивно - имаме некадарни лидери во власта кои и дојдоа на таа позиција со вжештени националистички пароли. Сега само можат да го собираат плодовите. Лошо е што последиците се - општи!

October 27, 2025 18:33
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Коалицијата што владее нема никакви идејни блискости – освоија гласови на парламентарните избори пред 17 месеци, благодарејќи на националистичките пароли. Сега жетвата од локалните избори е во основа горчлива, доведе и до сериозни меѓусебни обвинувања во владеачката коалиција. Ако истата се однесува само на судбината на неколку партии, се’ би било „кајне гајле“, би се однесувала само на одредени македонско-албански елити.

Но, работата отвора некои стари рани и како што можеше да се очекува кога се партиите од оваа коалиција во прашање беше момент кога некој ќе употреби од запалките кои ги делат на вратите на гласачите. Па така, оние од врвот на власта кои се жалеле по амбасадите дека скопската изолирана градоначалничка им ги рушела коалиционите односи со нејзината акција против дивоградбите во Чаир (според изјавата на Данела Арсовска) излезе дека целата управувачка конструкција е изградена со користење на лош лепак на неискреност, и дека на првата кривина стои на работ на шанецот.

Пред вториот круг на изборите, каде треба да се одлучи за градоначалници на многу општини требаше да дојде до некаков компромис а се добива впечаток дека истиот го нема. Пред се бидејќи онаа запалка која ја споменавме веќе има запалено некои страсти кај гласачите на двете страни, кои сега како навивачи на фудбалски стадион ќе одлучуваат додека мавтаа со партиските знамиња дали ќе гласаат за некој од коалиционите партнери, нивните претпоставени сојузници; или нема да гласаат како можна опција или многу поверојатна ќе се престројуваат по национална а не по партиска припадност! Овој развој на настаните не му се допаѓа на премиерот и се чини дека тој, не само заради функцијата е повеќе загрижен отколку Касами на пример. Задоволна може да биде руската пропаганда заради создавање на трајна нестабилност.

Некои аналитичари, со искуство, мора да признаам, велат дека гласачите на ВМРО ДПМНЕ сега би сакале за тоа да ја видат првобитната партија, онаа на основачите кои излегоа на политичката сцена со најтврди националистички пароли. Тоа не се можеби оние 150 илјади гласачи кои останале пасивни туку и дел од оние што гласале според командировката на уќуматот, а сега се разочарани од определбата на албанските гласачи да не им возвратат „таму каде што треба“. Не им е пријатно ниту пред погледите на соседите и сограѓаните кои на нив гледаат како на губитници во некаква политичка кладилница каде наводно било лесно да се погодат резултатите на изборните натпревари!

Фактот што Мицкоски даде наредба да се срушат сценографските подготовки за прослава пред палатата Татарчев и ги остави пазарените музичари без тезга (иако тие би свиреле и џабе) не може да побегне од аналитичка проценка за некакво каснување на долната усна од страна на лидерот.

Резигнација од успехот во првиот круг кај ВМРО ДПМНЕ се јавува со проценка дека во вториот, може истата да биде фрлена заедно со коритото на коалиционата врска!

Чисто да претпоставиме – во Кичево поларизацијата по национална основа ќе зоврие многу страсти а поразот на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ е речиси видлив на неделниот хоризонт. Во Струга гласовите на ВМРО заради – условно – предвидливото гласање во Кичево може да значи неизлегување на членовите и симпатизери на оваа партија на изборите, што и онака малата предност на Ќира ќе ја залула до крај и ќе им даде крилја на гласачите на ДУИ (кои исто така, иако во помала број, добија гласови од македонските гласачи, особено по селата!).

Уште покомплицирана е ситуацијата во вториот круг на гласањето во Куманово албански гласови можеби би се слеале кон кандидатот кој е инаку независен, па не носи во стартот некаков анимозитет кон себе, плус тука се можните гласови на СДСМ-овците.

За Скопје да не говориме – успехот на кандидатот на Мицкоски исклучиво зависи од поддршката на ВЛЕН ама таа иако постои на реторички план со вкупното компликување на односите, може да изостане барем во онаа мерка во која во Палата Татарчев се надеваат. Од друга страна во средата ќе се знае дали другите партии ќе застанат зад кандидатот на Левица, кој својот најголем „пех“ го има во ликот на својот претседател, што со својата конфузна ама агресивна реторика ја предизвикува кај поприсебното гласачко тело. Тоа е она кое ја има дилемата – со каков товар доаѓа Амар на сцената, колку анонимни и можеби безвредни административци може да донесе со себе кои ќе треба да се соочат со огромните проблеми на градот? Дали се тие дел од онаа маса која на основачките избори во Континетал своевремено се бореше под маса кој ќе го дофати печатот на партијата?

Ангажманот на коалицијата е проблематичен и во однос на гласањето за Центар, каде не е јасно, на пример, како би гласале оние од „најсилната опозициона партија“, што би рекол Апасиев – во прдизборната кампања за првиот круг излезе дека работењето на кандидатот Горан Герасимовски со кандидатката од Левица Марија Среброва покажува чести совпаѓања во претходните активности (2021-25). Јасно е дека вторава можеби ќе ја следи партиската линија ама гласачите на Левица не се до крајот патиски определени, туку гласачи во оваа органзиација главно гледаат како да е некаква условно независна листа.

Многу малку се дискутира за излезноста а таа не е добра, гледано од формален аспект (јас од оние кои се тврдо убеденио дека ние не може да имаме 1,8 милиони жители а исто токлку гласачи). Пред една недела излегле 46,63 проценти, или 854.000 гласачи. И меѓу нив имало фасцинантни 50.000 неважечки ливчиња.

Во основа таа неизлезност не може да биде покритие за никого – по правилото постои клацкалка на која се сменуваат ВМРО и СДСМ во обратна пропорција (на едниот ќе му осамне, на другиот ќе м у се стемни).

Клучниот проблем е што тежнеењето на црвено-црните знаело секогаш натамошно рушење на тешко стекнатите, навистина и онака кревки постулати на демократијата. Епизодите со притисокот на оваа партија врз независните кандидати во Брод и Могила,. На пример е само еден доказ во таа насока а ДИК не е во состојба ниту да го отвори до крај ова прашање. Со оглед на тоа кој раководи со ова тело (од страна на СДСМ за та апозиција се одлучува по ним познатиот водњански комплекс) нема ни да има активност која значи повеќе работа. Нека ѕвони за крја на часот и да си одиме дома – тоа е кредото на ова тело. Претходно да си ги земеме дневниците.

Јасно, останува дилемата што ќе стане со меѓунационалните односи од кои не зависат од онаа дилема на почетокот – дали коалицијата ќе опадне во шанецот на изборната кривина.


Текстот е личен став на Авторот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ