Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“, која беше формирана по трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“, соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка за донации од околу 11 милиони денари.
-Почитувани, транспарентно ја споделуваме информацијата за втората распределбата на средствата од заедничката сметка за донации преку Супорт КоланиSupportKocani, кои беа собрани по трагедијата што нè погоди, се вели во објавата на „Супорт Кочани“ на социјалните мрежи.
Во објавеното видео уште се вели дека од вкупната сума од 10. 944.793 денари беше одземен еден милион се за данок на државата, а останатите се еднакво распределени на 137 лица во износ од по 71 900 денари.
Од Супорт Кочани објавија и транспарентен графикон на распределбата и се заблагодарија на донаторите за хуманоста.
Средствата се донирани од компании, здруженија, групни акции и хуманитарни настани организирани во земјата и во странство.
М. Д.












