Најмалку четири лица беа убиени, а најмалку 25 се повредени во масивниот руски воздушен напад во текот на ноќта на 13 и 14 ноември, врз Кијив со стотици беспилотни летала и повеќекратни ракети. Девет од повредените жртви – вклучувајќи една бремена жена – се хоспитализирани. Две деца, на возраст од 7 и 10 години.
За ова, на Х се огласи украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, која во постот напиша:
Ден 1360 рф изврши масовен напад врз Кијив, под удари беа и Харкивскиот и Одескиот рег. Има загинати и повредени. руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето. Ова е свесна демонстрација дека рф не ги променила своите терористички методи и останува посветена на војната
Ден 1360 рф изврши масовен напад врз Кијив, под удари беа и Харкивскиот и Одескиот рег. Има загинати и повредени. руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето. Ова е свесна демонстрација дека рф не ги променила своите терористички методи и останува посветена на војната pic.twitter.com/DQEnUh93o0
— Larysa Dir (@dir_larysa) November 14, 2025
Нападот ги принуди украинските градови, вклучително и Кијив, да спроведат повеќе од 12 часа итни прекини на електричната енергија за да ја стабилизираат енергетската ситуација.
Русија редовно спроведува големи напади врз украинските градови од почетокот на целосната инвазија на Москва врз Украина во февруари 2022 година.
Во последните месеци, Москва ги интензивираше нападите врз украинската енергетска инфраструктура во обид да ја втурне Украина во уште една сурова зима.
Д. Мишев












