• Latest

Лидерска средба на Мицкоски: Консензус на хартија, криза во реалноста

January 13, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лидерска средба на Мицкоски: Консензус на хартија, криза во реалноста

January 13, 2026 11:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На 14 јануари 2026 година, премиерот Христијан Мицкоски најави меѓупартиска лидерска средба во Клубот на пратеници во Собранието, со почеток околу 12:00 часот. Според владиниот наратив, целта е создавање консензус за реформски закони и укинување на техничката влада, како дел од евроинтеграциската агенда на земјата. Исто така, се предвидува разговор за изборни реформи – статусот на изборниот законик и препораките за подобрување на изборниот процес; и избор на  Народен правобранител — како дел од реформската агенда и обврските од извештаите на Европската комисија.

СДСМ, предводена од Венко Филипче, најави бојкот на средбата и нејзиното одбивање на учество, што Мицкоски го оцени како политички некултурно и против својата заложба за инклузивност.

Други партии, како Демократска обнова на Македонија (ДОМ), иако не се дел од најголемите парламентарни групи, ја поздравија иницијативата и повикуваа на конкретни решенија, како воведување една изборна единица за пофер изборни резултати. Демократската унија за интеграција (ДУИ) сè уште не го соопштила својот конечен став. Левица, најавија дека ќе учествуваат особено поради изборните реформи и барањето за воведување една изборна единица.

Пред лидерската средба јавноста добива две дијаметрално спротивни интерпретации за иницијативата, едната е онаа на Владата и Мицкоски – конструтивизам, консензус, дијалог, стабилизација; втората е критички настроена оценувајќи дека се работи за манипулација, политичка тактика на власта, насочена кон прикривање на реални проблеми, избегнување на одговорност и потенцијално влијание врз идни избори.

Можни исходи од лидерската средба: консензус на хартија, криза во реалноста

Првиот можен исход е најбезболниот за власта, но и најштетниот за демократијата: симулиран консензус. Неколку помали партии, со ограничена политичка тежина, би можеле да потпишат „заеднички заклучоци“ кои ќе послужат како доказ дека дијалог постоел. Но консензус без главната опозиција не е консензус туку политичко алиби облечено во зборот „реформи“.

Вториот исход е уште поопасен: продлабочување на веќе токсичната политичка поларизација. Одбивањето на СДСМ и неодлучноста на ДУИ не се случајни, туку симптом на подлабока недоверба. Средбата ризикува да биде доживеана не како покана за разговор, туку како обид власта да ги прогласи отсутните за деструктивни, додека самата си доделува ореол на „конструктивност“.

Третиот, и веројатно најреален исход, се празни декларации без никаква практична последица. Ќе се усвојат општи формулации, ќе се зборува за „европски вредности“ и „реформска определба“, без вистински мултипартиски договор, без рокови и одговорност.

На крајот, лидерската средба ќе излезе политички перформанс отколку обид за решавање на реалните проблеми. Наместо отворен дијалог – сценографија. Наместо политичка храброст – калкулација, а граѓаните – заложници на истите нефункционални институции и истите нерешени кризи.

Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ