• Latest

Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

January 22, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ ИСТОРИЈА

Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

January 22, 2026 12:56
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИСТОРИЈА, СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Секоја година на 22 јануари Украина го одбележува Денот на Соборноста. Официјално утврден со Указ на Претседателот на Украина од 21 јануари 1999 година, овој датум е еден од клучните во современата украинска историја, бидејќи го симболизира процесот на украинското државотворење и стремежот на Украинците кон обединување во рамките на единствена независна држава. За Украина, Денот на Соборноста не е само историски датум, туку и политички, вредносен и морален ориентир, кој особено силно одекнува во XXI век — во услови на тековната војна за суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.

22 јануари во украинската историја обединува два настани со еднакво значење. Токму на овој ден во 1918 година, со Четвртиот Универзал на Украинската Централна Рада, за првпат во XX век беше прогласена независноста на Украинската Народна Република (УНР). А веќе една година подоцна, на 22 јануари 1919 година, на Софискиот плоштад во Кијив, во свечена атмосфера беше прогласен Актот на Злука — обединувањето на Украинската Народна Република и Западноукраинската Народна Република во една држава.

Во Универзалот за Соборност, прочитан на општонародниот собир, се наведуваше: „Отсега во едно се слеваат со векови одвоените делови на единствена Украина — Западноукраинската Народна Република (Галиција, Буковина, Унгарска Рус) и Наддњепарската Голема Украина. Се остварија вековните соништа со кои живееја и за кои умираа најдобрите синови на Украина. Отсега постои една единствена независна Украинска Народна Република“. Овој ден стана симбол на соборничките стремежи на Украинците и остварување на идејата за консолидација во рамките на една држава.

Поимот соборност во украинската политичка традиција има значително подлабоко значење од чисто територијално обединување. Соборноста означува единство и неделивост на сите територии на Украина, духовна кохезија на Украинците, како и единство на сите граѓани на државата, без оглед на нивната националност или вероисповед, насочено кон утврдување на вистински суверенитет и изградба на демократска држава. Терминот „соборност“ ги обединува идеите за единство, сплотеност и одговорност за заедничката иднина, што го прави не само историски, туку и исклучително актуелен за современа Украина.

Идејата за соборност се формирала со векови, бидејќи од крајот на XVIII век украинските земји биле поделени меѓу различни империи, што ја направи соборноста врв на општествените стремежи на Украинците.

Во различни историски епохи, Украинците кои живееле во рамките на Руската Империја, Полско-литванската држава и Хабсбуршката монархија ја осознавале својата припадност кон еден народ. Украинското национално движење уште за време на „Пролетта на народите“ (1848–1849) истапи со програма за обединување на украинските земји. Во втората половина на XIX век, политичкото единство стана еден од водечките мотиви на украинското движење од двете страни на империјалните граници.

На преминот меѓу XIX и XX век, идејата за соборна Украина последователно беше прогласувана од украинските политички дејци, општествени организации и во програмските документи на националното движење. Таа опфаќаше визија за самостојна, суверена, соборна и неделива држава што ги обединува сите украински земји.

Првата светска војна, револуционерните настани и распадот на империите го приближија практичното остварување на идејата за соборност. Во 1917 година во Кијив беше формирана Украинската Централна Рада, која ја прогласи Украинската Народна Република, а во ноември 1918 година во Галиција беше создадена Западноукраинската Народна Република. Лидерите на двете држави иницираа преговори за обединување.

На 1 декември 1918 година во Фастив, претставници на УНР и ЗУНР го потпишаа „Предвстапниот договор“, со кој ја декларираа цврстата намера во најкраток рок да се слеат во една голема држава. Овој договор беше ратификуван на 3 јануари 1919 година од Украинската Национална Рада на ЗУНР.

На 22 јануари 1919 година, на Софискиот плоштад во Кијив, по повод првата годишнина од прогласувањето на независноста на УНР, во свечена атмосфера беше прогласен Универзалот на Директоријата на УНР, кој влезе во историјата како Акт на Злука. Следниот ден Трудовиот Конгрес на Украина го одобри и ратификуваше овој акт, давајќи му правна сила.

Иако поради сложените воено-политички околности обединувањето на УНР и ЗУНР не беше доведено до целосен крај и двете држави фактички функционираа во конфедеративни односи, Актот на Злука стана симбол и легенда за идните генерации борци за независноста на Украина. По 22 јануари 1919 година, идејата за целосноста на украинската нација во украинската политичка мисла веќе никогаш не беше доведена во прашање.

За време на советскиот тоталитарен режим Денот на Соборноста не се одбележуваше, но сеќавањето на него се зачува во западните региони на Украина и меѓу украинската политичка емиграција. Во 1990 година, во пресрет на обновувањето на независноста, стотици илјади, а според некои проценки и милиони луѓе, формираа „жив синџир“ на единство од Ивано-Франкивск до Кијив, што стана предвесник на распадот на СССР и обновувањето на украинската државност.

Денес, во услови на војна за независноста на Украина, соборноста добива особена симболика и актуелност. Таа подразбира не само сеќавање на минатото, туку и сплотена заедничка работа и соработка на граѓаните од различните региони на државата. Соборноста е темел на успешниот отпор кон надворешната агресија и останува една од клучните национални задачи.

Територијалниот интегритет на Украина целосно ќе биде обновен по ослободувањето на сите привремено окупирани територии. Соборноста не е само историско наследство, туку и цел на Победата и основа за постоењето на украинската нација како суверен субјект на меѓународната заедница.

Амбасада на Украина

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ