• Latest
Креирано со помош на ВИ

Спектакуларен настап на стенд ап комедијантот Мицкоски – „Не бев статист во Давос“

January 27, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА САТИРА

Спектакуларен настап на стенд ап комедијантот Мицкоски – „Не бев статист во Давос“

January 27, 2026 19:57
in ПОЛИТИКА, САТИРА, ТОП 5
Креирано со помош на ВИ

Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Прославениот автохтон македонски  стенд ап комедијант – Христијан Мицкоски – чија светска слава е добро позната одовде преку Белград па се до Будимпешта и понатаму на исток, истата е призната и во периметарот на Трамп, сега својот раскошен талент го распосла пред светските лидери на бината во Давос.

Омилениот комедијант на голем број жители на оваа земја, во своето последно ток шоу, пред одбрана публика изјави дека не бил статист и не правел селфија минатата недела во Давос, што наиде на делириум кај публиката.

„Јас не бев статист таму или по ходници да барам селфи со учесниците на Давос, туку бев активен учесник на три панели и штета што не можеме да ги објавиме моите говори, но сите беа проследени со аплауз од страна на присутните“, истакна Мицкоски предизвикувајќи повторно аплауз на отворена сцена помеѓу Триангла и Железара.

По кратката пауза поради неможноста да го продолжи своето хумористично обраќање поради тоа што не стивнуваа овациите и ракоплескањето за претходната изјава, Мицкоски, евоцирајќи спомени од патувањето спонзорирано од парите на граѓаните, се пофали дека на свечената вечера каде што бил поканет и дел од 500-600 гости, со него на маса биле главниот извршен директор на „Гленкор“, потоа Џо Донован којшто бил поранешен главен извршен директор на „АТиТ“, најголемата американска телекомуникациска   компанија, а сега член на бордот на директори на „Локид Мартин“, потоа Хаурд Лутник, американскиот секретар за економија, а лево од него бил австрискиот канцелар Кристијан Штокер, директорката на Интерпол и тн, што уште повеќе ја запали публиката.

Расположението кај аудиториумот речиси кулминираше кога Мицкоски нафрли дека  „времето на дипломатијата на свиткана кичма и снисходливост на црвените дебели ќилими“, завршило, и „Сега е дипломатија која што носи реални резултати и која што се бори и ги чува македонските национални интереси“, рече Мицкоски, додавајќи дека имал средби, а ќе има и на претстојната Минхенска безбедносна конференција уште такви средби.

И кога се чинеше дека Мицкоски ги испука сите добри доsетки и вицови, како секој добар на крајот од претставата го извади асот од ракавот, и во непосредна интеракција со публиката, запрашан да  ги открие имињата  на тие со кои се сретнал, Мицкоски поентираше:

„Мислам дека доволно ви дадов исцрпен одговор“

Бидете така. Наскоро следува нова стенд-ап акција на вашиот омилен комедијант.

Тажниот Кловн

 


Оградување, одбрана и заштита: Ова е козерија. Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ