• Latest

За еден џоинт притвор, за 40 (+5) тони марихуана никој не е одговорен

February 10, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

За еден џоинт притвор, за 40 (+5) тони марихуана никој не е одговорен

February 10, 2026 14:16
in БЛИЦ, ВЕСТИ, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕХРАН МУРАТОВ

Во нашата држава, за еден џоинт можеш да завршиш во притвор, со кривична пријава и секако неизбежен јавен линч. За над 40 тони марихуана (иако таа бројка постојано се менува како на берза) пронајдени во легални фирми и погони, плус уште пет тони откриени во Србија – засега кај нас нема виновници, (освен тројца уапсени во Србија), нема имиња и нема одговорност. Само (партиски) соопштенија и „истрагата е во тек“.

Заплената на над 40 тони марихуана во Северна Македонија и паралелната афера со пет тони дрога во Србија отворија повеќе прашања отколку одговори. Јавноста слуша дека акцијата е „најголема досега“, дека институциите „постапуваат“, дека истрагата „е во тек“. Но истовремено, никој не дава јасен одговор на клучното прашање – како е можно десетици тони марихуана да се произведуваат под државни лиценци, а државата со години да не забележи дека нешто не е во ред? Да не беше акцијата во Србија, кај нас овој бизнис и денес ќе си течеше тивко и легално.

Официјално, станува збор за канабис за медицинска употреба. Неофицијално, бројките не се поклопуваат, трасите водат надвор од земјата. Ако тоа е така, тогаш проблемот не е само во поединечни компании или „неодговорни сопственици“, туку во надзорот и контролата.

Секојдневно читаме во полициските билтени за акциите на полицијата кои приведуваат лица за поседување на неколку грама марихуана. Тоа ни дава впечаток дека нашата полиција е добро обучена да открие дури и еден џоинт, освен ако со тони марихуаната се чува(ла) во некои магацини.

Политичките реакции, очекувано, се претворија во меѓусебни обвинувања. Власта ја префрла вината на претходните гарнитури, опозицијата прашува како токму сега, под капа на актуелната власт, дрогата непречено ја минала границата. Но, граѓаните имаат право на поинаков одговор – не партиски, туку институционален. И на крај исчезнува клучното прашање: кој ќе одговара? Не кој ќе обвини, туку кој ќе сноси последици.

Со години, под изговорот на „медицински канабис“, никнаа погони, фирми и бизниси со сериозен капитал. Државата делеше лиценци, наплаќаше такси и уверуваше дека сè е под контрола. Денес гледаме дека контролата била или фиктивна или селективна.

Ако за над 40 (+5) тони марихуана нема притвор, нема разрешувања, нема кривични одговорности во институциите што надгледувале – тогаш системот јасно кажува дека законот не е ист за сите. И додека јавноста чека одговори, останува чувството дека повторно ќе добиеме спектакл без епилог. Ова не е само полициски случај, туку тест за државата. Ако и овојпат завршиме со фотографии и видеа од запленета дрога, а без имиња, функции и одговорност, тогаш пораката е јасна – законот важи за џоинтот во џеб, но не и за тоните во магацин.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ