Трагедијата што вчера се случи кога мајка и нејзиното малолетно дете го загубија животот по пад од висококатница во општина Карпош – повторно го отвори прашањето за институционалната заштита на жртвите на семејно насилство.
Додека истрагата е во тек, роднини на починатата тврдат дека таа со години пријавувала насилство и барала помош од надлежните служби.
Јавноста е вознемирена, а довербата во системот повторно е ставена на тест. Оваа не е прв случај на семејно насилство да заврши до фатални последици во последните години во земјата.
Оттука доаѓа и ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што прават институциите да ги заштитат жените од насилство и експлоатација?
Учествувајте.
РЦМ











































