• Latest

РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

April 17, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

April 17, 2026 11:35
in ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за случајот со Никола Груевски и неговото „чувство“ дека поранешни премиери од СДСМ ќе завршат во затвор, предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи.

На  ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за изјавите на Мицкоски за Груевски и „чувството“ дека експремиери на СДСМ ќе одат в затвор? – што ЦИВИЛ го постави  на Фејсбук граѓаните изнесоа спротивставени ставови, отворајќи дебата за независноста на судството, политичкото влијание и состојбата во државата.

Дел од коментарите остро ја критикуваат изјавата, оценувајќи дека таа претставува директен притисок врз институциите.

„Изјавата на ‘вождот’ е доказ дека ‘независното судство’ го има ставено во скут. И судството и обвинителството не се независни одамна“, пишува еден граѓанин.

„Чувствителен премиер – чувствува што ќе работи ‘независното’ судство. Тоа не е чувство, тоа е наредба“, додава друг.

Во сличен тон се и коментарите дека ваквите изјави ја поткопуваат довербата во правосудниот систем:

„Политиката не се води со чувства. Ова личи на најава кој ќе биде гонет, а кој не.“

Некои од граѓаните одат и чекор подалеку, оценувајќи дека станува збор за отворено мешање во работата на обвинителството:

„Порака до обвинителството кого да апси – тоа е еклатантен доказ дека власта го контролира судството.“

Сепак, има и поумерени и спротивни мислења. Дел од коментаторите повикуваат на воздржаност и поинакво толкување на изјавата.

„Можете и од друг агол да го протолкувате. Во време на опозиција имаше многу пријави што стоеја во фиока. Сега се очекува тие да се отворат“, пишува една граѓанка.

Таа додава дека изјавата може да се сфати како очекување, а не како притисок: „Сè е во рацете на Јавното обвинителство. Да не се истрчуваме – времето ќе покаже.“

Во дел од реакциите, вниманието се насочува и кон пошироката политичка и општествена состојба.

„Од ‘рекла-казала’ ни оди државата. Наместо план за излез од кризата, се вртиме во круг и губиме време“, гласи еден од коментарите.

Други пак предупредуваат на последиците врз младите:

„Додека тие се занимаваат со истите теми, младите и стручните кадри си заминуваат.“

Прашањето за евентуално враќање на Никола Груевски исто така беше дел од дискусијата, при што некои граѓани упатуваат директни пораки: „Порака до Груевски – да не се враќа.“

Реакциите покажуваат длабока поларизација во јавноста, но и силна чувствителност кон теми како што се владеењето на правото и независноста на институциите. Додека едни гледаат политички притисок, други очекуваат конечно процесуирање на случаи што долго време стоеле во застој.

Б. Ј. 


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ