• Latest

Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

April 20, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

April 20, 2026 10:48
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

СОФИЈА, 20 април 2026 (10:00) – Осмиот обид конечно донесе исход. Со обработени 91,68% од протоколите на Централната изборна комисија, коалицијата „Прогресивна Бугарија“ предводена од Румен Радев освои 44,69% од гласовите.

Поради прераспределбата на гласовите од партиите што не го поминаа изборниот праг од 4%, се проектира дека блокот на Радев ќе располага со околу 131 пратеник – десет повеќе од потребните 121 за апсолутно мнозинство во 240-члениот парламент.

Овој резултат ја прекинува долгогодишната политичка парализа, но ќе отвори нови предизвици. По серија од осум избори во пет години, Бугарија за првпат добива стабилно парламентарно мнозинство, јасен носител на извршната власт и капацитет за самостојно формирање влада. Со други зборови, политичката математика што досега зависеше од кревки договори и минимални разлики – практично исчезнува.

Обидите на проевропските партии да формираат т.н. „санитарен кордон“ околу Радев, со цел да го ограничат неговото влијание, се покажуваат како неуспешни. Со ваква распределба на мандати, Радев не зависи од коалициски партнери, не е ограничен од парламентарни условувања и има целосен маневарски простор за формирање влада.

Официјалната излезност се движи околу 48,5%, што укажува на умерен одзив на гласачите. Тоа создава ситуација во која силното парламентарно мнозинство се темели врз релативно ограничена излезност.

Со обезбедено апсолутно мнозинство, Радев добива можност да ја редефинира политичката и стратешката насока на земјата. Неговите ставови за војната во Украина, односите со Русија и улогата на Бугарија во ЕУ и НАТО ќе бидат сериозен предизвик за Европа. Со овие избори, Бугарија затвори една фаза – пет години политичка криза – но затоа отвора нова – неизвесна геополитичка ориентација.

Џ. Дерала

 


 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ