• Latest

Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

April 22, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

Разрешувањето на постизборниот јазол во Словенија мора да се случи до 10 мај. Поранешниот министер за надворешни работи Логар изгледа ги изневери и двата потенцијални премиери – Голоб и Јанша

April 22, 2026 07:00
in АНАЛИЗИ, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Љубомир Костовски

Според последната изјава на претседателката на дежелата Наташа Пирц Мусар, ниту една партија не може да состави влада. Ова може да значи дека таа ќе мора да го распушти Парламентот и да распише нови избори. Истовремено претседателот на минијатурната партија и воедно спикер во законодавниот дом нема да може да распишува референдум кој би бил несомнено опасен во однос на целината на Европа и НАТО сојузот!

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар (фото извор: predsednica-slo.si)

Премиерот на Словенија, кој моментално е во технички мандат, Роберт Голоб призна дека неговата партија не успеала да формира влада, што би можело да го отвори патот за враќање на популистот Јанез Јанша, објавија словенечките медиуми.

Средба на словенечкиот премиер Роберт Голоб со францускиот претседател Емануел Макрон, Париз, 27 февруари 2026 година (фото: Vlada Republike Slovenije, Public Domain)

Да се потсетиме дека либералното Движење за слобода на Голоб победи на парламентарните избори минатиот месец со тесна разлика, освојувајќи 29 од 90-те места во словенечкиот парламент, но не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство. По еден месец неуспешни коалициски преговори, Голоб рече дека ја информирал словенечката претседателка Пирц Мусар дека неговата партија се согласила да премине во парламентарната опозиција.

Јанез Јанша со еден од најблиските сојузници, Виктор Орбан, ЕПП самит, 2018 година (фото: European People’s Party – EPP Summit, 22 March 2018, CC BY 2.0)

Се очекуваше Јанша, чија Словенечка демократска партија освои 28 места на изборите минатиот месец, дека ќе се обиде да формира десничарска коалициска влада.

Голоб изјави дека неговата партија „се радува на работата во опозиција“, додека неговиот ривал Јанша најави дека е подготвен за сите сценарија – подготвена да формира влада, да остане во опозиција или да учествува на повторени избори.

Изјавата доаѓа по консултациите со претседателката на Словенија, Пирц Мусар. Голоб ја искористи можноста да ја нападне потенцијалната нова влада. Тој ја нарече „коалиција на измамници“ и рече дека нема да трае долго.

„Коалиција на измамници што нема да трае“, изјави Голоб.

Лидерот на Слобода беше остар кон противниците. Тој рече дека оние што ги лажат граѓаните ги рушат темелите на демократијата. Во исто време, порача дека неговата партија ќе делува од опозиција.

Претседателот на пратеничката група на Слобода, Борут Сајовиц, ексминистер за одбрана во владата на Голоб, нагласи дека партијата нема доволно гласови. Тој посочи дека им недостигаат пратеници за стабилно мнозинство од 46 пратеници. Додаде дека тие не сакаат поддршка преку уцени или поткуп.

Dragan Krapović (Minister of Defence, Montenegro), Borut Sajovic (Minister of Defence, Slovenia) and NATO Deputy Secretary General Radmila Shekerinska

Ситуацијата во оваа земја воопшто не беше розова, бидејќи порано овој месец, партијата на Јанша го поддржа обидот на проруската партија Ресни.ца и нејзиниот лидер Зоран Стевановиќ да биде избран за претседател на словенечкиот парламент. Овој потег беше широко протолкуван како сигнал за сојуз меѓу двете популистички партии, но Јанша, по средбата со Пирц Мусар денеска, призна дека неговата партија сè уште не ја обезбедила потребната поддршка за враќање на власт.

Претседателот на Ресни.ца, Зоран Стевановиќ (фото извор: ФБ профил)

Инаку, тоа е познато, Стевановиќ најави од позиција на потенцијален спикер на Парламентот дека има намера да распише референдум па народот да одлучи дали би останале во НАТО или не. Тоа не би бил потег на кој со благонаклонетост би се гледало во Брисел, како кај челниците на ЕУ, така и во НАТО.

За ваков исход постоеше и можност на крајот од минатата недела. Лидерот на демократите, Анже Логар, поранешен словенечки министер за надворешни работи под Јанша и поранешен член на СДС, ги напушти преговорите со Слобода. Во тој миг Слобода тврдеше дека преговорите со Логар, чија партија освои шест претставници на изборите, воопшто и не се случиле и дека овој политичар, кој во голем дел од предизборната кампања се бранеше од обвинувањата на јавноста дека тој е „скриениот адут“ на Јанша, се покажа токму таков.

Лидерот на словенечките Демократи, д-р Анже Логар, поранешен министер за надворешни работи во владата на Јанез Јанша (фото: ФБ профил)

Партијата на Јанша, кој на изборната ноќ нагласи дека нема да формира „слаби влади“, со поддршка на предизборната коалиција предводена од НСИ (осум пратеници), Демократите (шест пратеници) и Ресни.ца (пет пратеници), би имала повеќе од 46 пратеници потребни за мнозинство во словенечкиот парламент, кој има вкупно 90 места.

Анже Логар со Зоран Стевановиќ, март 2026 (фото извор: siol.net)

Што е следно?

Претседателката на Словенија мора да предложи кандидат за премиер најдоцна 30 дена по конститутивната седница на парламентот, односно до 10 мај, а парламентот гласа за кандидатот најдоцна седум дена по поднесувањето на предлогот, со мнозинство гласови од сите претставници.

Во случај кандидатот да не го добие потребното мнозинство гласови во првиот круг, се одржуваат уште два круга, по што, во случај на неуспех, претседателката го распушта собранието и распишува нови избори.

 


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.


Изборите во Словенија и Балканскиот коридор на дезинформации (1): Поглед во мрежата што ја обликува новата политичка војна во Европа

Изборите во Словенија и Балканскиот коридор на дезинформации (2): Архитектурата на влијанието и војната на наративите


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ