• Latest

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ во рововска пропагандна битка – возвраќа со критики дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ во рововска пропагандна битка – возвраќа со критики дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026 10:14
in ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Нов „бокс меч“ се отвори утрово меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, овој пат околу работата на Заедничката историска комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија, откако опозициската СДСМ обвини за нетранспарентност и скриени договори, додека владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата и возврати со вообичаената остра, но неаргументирана реторика.

Од СДСМ реагираа по изјава на заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски дека Комисијата редовно одржува средби. Според партијата, јавноста не била информирана за овие активности.

„Како е можно Комисијата да се состанува две години, а тоа да се крие од граѓаните?“, прашуваат од СДСМ, сугерирајќи дека зад овие средби може да стојат подготовки за уставни измени, односно внесување на Бугарите во Уставот.

Опозицијата го доведува во прашање и кредибилитетот на премиерот Христијан Мицкоски, потсетувајќи на неговите претходни изјави дека нема да има отстапки по ова прашање. Сега, велат од СДСМ, најавите дека „ќе се решат реформските прашања“ се индикатор за спротивно сценарио.

„Ако Мицкоски тврди дека во јуни ќе ги реши клучните прашања, тоа значи дека се подготвува да го направи токму она што го негираше“, наведуваат од партијата.

СДСМ потенцира дека нивниот став останува непроменет: внесување на малцинствата во Уставот како услов за продолжување на евроинтегративниот процес. Притоа се повикуваат и на пораките од Европската Унија, кои, според нив, јасно укажуваат дека без овие измени нема напредок.

ВМРО-ДПМНЕ возврати со жестока реторика, но без одговор на прашањата од опозицијата. Тие – без да обелоденат информации за активностите за кои говори опозицијата – се ограничија на етикетирањето дека СДСМ и лидерот Венко Филипче се „без концепт и стратегија“.

Партијата ја обвини опозицијата за политичка конфузија, лицемерие и манипулација со јавноста. Без да понуди докази, ВМРО-ДПМНЕ во соопштението тврди дека „СДСМ само декларативно се залага за Европа, додека во пракса нема јасен план“.

„Европската реторика на СДС е без правец и стратегија, а зад неа стои политички опортунизам“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДСМ шири дезинформации, вклучително и за европските финансиски програми, тврдејќи дека опозицијата намерно создава паника кај јавноста.

Политичкиот конфликт се продлабочува во чувствителен момент за евроинтеграциите на земјата, каде уставните измени остануваат клучен услов за напредок во ЕУ интеграциите, кои со години ги блокира токму ВМРО-ДПМНЕ, а со кои дојде и се одржува на власт.

Остануваат отворени низа прашања и за транспарентноста на институциите, закочените реформи, заробувањето на судството, контролата на медиумите, како и кредибилитетот на политичките ветувања на партијата на власт.

Џ. Дерала

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ