• Latest
Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

May 7, 2026

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ОПШТЕСТВО ИСТОРИЈА

Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

Ден на победата!? За каква победа може да зборува Кремљ кога, всушност, Втората светска војна ја започнаа заедно со Хитлер, со заедничка окупација на Полска!?

May 7, 2026 10:30
in ЕВРОПА, ИСТОРИЈА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

Додека денешна Москва трескавично ја прекројува историјата за да ја нахрани пропагандата за „денацификација“, прашината во светските архиви крие една многу помрачна вистина. Пред кукастиот крст и црвената ѕвезда да станат смртни непријатели, тие беа сојузници во најголемото злосторство против мирот во 20-тиот век.

Најсрамниот и најексплицитниот доказ за овој „братски“ зафат на нацизмот и сталинизмот не се само тајните протоколи на хартија, туку чизмите што маршираа заедно. Нашата сторија започнува со Брест-Литовск, некогаш дел од Полска. На 22 септември 1939 година, во градот Брест-Литовск, светот сведочеше на настан што денешен Кремљ очајнички се обидува да го избрише од колективната меморија: заедничка воена парада на Вермахтот и Црвената армија над урнатините на Полска.

Насмевки на сојузниците: Рибентроп (лево), Сталин (во средина) и Молотов (лево) во Кремљ, 23 август 1939 година.

Само неколку недели по потпишувањето на тајниот протокол меѓу министрите за надворешни работи, советскиот Вјачеслав Молотов и германскиот Јоаким фон Рибентроп на 23 август 1939, Адолф Хитлер и Јозеф Сталин почнаа со поделбата на Источна Европа. Заеднички спроведоа инвазија врз Полска.

Молотов (лево) и Рибентроп при потпишувањето на Пактот, 23 август 1939.

Додека германскиот Вермахт ја нападна Полска од запад на 1 септември, советската Црвена армија го заби „ножот во грбот“ од исток на 17 септември. Оваа координирана инвазија, каде што два тоталитарни гиганти делуваа како чекан и наковална, целосно ја уништи секоја шанса за отпор на Полска. Германските и советските армии се сретнаа на територијата на поразената Полска во Брест-Литовск, кој првично беше окупиран од германскиот Вермахт, но според договорот му припадна на Советскиот Сојуз.

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/Joint-Soviet-German-parade-22-Sept-1939-in-Brest-Litovsk.mp4

Пријателскиот појадок и здравица на генералите

Наместо едноставно повлекување, двете војски решија да организираат свечен чин на примопредавање – воена парада што пред светот требаше да ја демонстрира моќта на нивното „пријателство“.

На импровизирана трибина во центарот на градот, еден до друг стоеја германскиот генерал Хајнц Гудеријан и советскиот комбриг Семјон Кривошеин. Нивната средба не беше само протоколарна; изворите го опишуваат нивниот разговор како исклучително срдечен.

Германскиот генерал Мауриц фон Викторин (лево), генерал на Панцертруп Хајнц Гудеријан (во средината) и советскиот комбриг Семјон Кривошеин (десно) стојат на платформата за време на парадата во Брест-Литовск, 22 септември 1939.

Пред самата парада, Кривошеин го посетил Гудеријан во неговиот штаб, каде што заедно појадувале и наздравувале за брзата победа над „капиталистичка Англија“. Кривошеин и Гудеријан се согласиле на заедничка трибина и музика од советскиот воен оркестар за време на германското повлекување.

Симболите на злото

Настанот беше вистински спектакл на тоталитаризмот. Градот беше украсен со т.н. „Победнички порти“ – славолаци на кои советските војници поставија кукасти крстови и црвени ѕвезди.

Советски и нацистички симболи поставени заедно за време на воената парада во Брест-Литовск, 22 септември 1939 година.

Се одржа и церемонија на знамињата. Додека германското знаме се спушташе под звуците на нивната химна, истовремено беше подигнато советското знаме со звуците на „Интернационалата“.

Потоа, германските трупи парадираа излегувајќи од градот, додека советските тенкови влегуваа, поздравувајќи се меѓусебно како сојузници.

Германската моторизирана единица им отстапува место на советските тенкови (Bundesarchiv Bild 101I-121-0012-30, Polen, deutsch-sowjetische Siegesparade, Panzer)

Катински масакр – еден од крвавите исходи на „Ѓаволовиот пакт“

Оваа соработка не заврши само со паради и ракувања, туку и со систематско уништување на полската елита. Додека нацистите ги спроведуваа своите расни закони, советската тајна полиција НКВД, по директна наредба на Сталин и Лаврентиј Берија, во пролетта 1940 година изврши масовна егзекуција на над 22.000 полски офицери, интелектуалци и полицајци во шумата Катин.

Фотографија (1943 г.) од ексхумација на масовна гробница на полски офицери убиени од НКВД во Катинската шума во 1940 година.

Овој масакр беше директна последица на Пактот Молотов-Рибентроп, според кој сојузниците се договорија дека полската држава не смее повеќе да постои, а масовнотите убиства во Катинската шума беше најефикасниот начин да се обезглави полскиот отпор.

Во заедничката инвазија на германските и советските армии, повеќе од 250.000 полски војници беа заробени, а 1,5 милиони Полјаци беа депортирани во тогашниот СССР, претежно во Сибир и Казахстан, каде што голем дел од нив завршиле во затвор или на принудна работа.

СССР спроведе насилна и еднострана промена на државјанството на окупираните територии. Со декретот на Врховниот совет на СССР од 29 ноември 1939 година, сите жители на „Западна Украина“ и „Западна Белорусија“ (окупираната источна Полска) автоматски добија советско државјанство. Ова му овозможи на советскиот режим легално да ги мобилизира Полјаците во Црвената армија (околу 210.000 лица) или да ги апси под обвинение за „предавство на татковината“. Оние кои одбиваа да го прифатат државјанството беа прогонувани, испраќани во Гулаг или биле под закана дека ќе испратени на териториите под нацистичка контрола. Полската влада и западните сојузници никогаш не ја признаа оваа одлука, сметајќи ја за нелегална анексија и кршење на меѓународните конвенции.

Со децении, Москва упорно и цинично ја префрла вината за ова злосторство врз нацистите, на ист начин на кој денес се обидува да ги извитопери фактите и за парадата во Брест-Литовск. Но тоа не е возможно. Бидејќи не се работи за инцидент.

„Ѓаволовиот пакт“, како што го нарекуваат историчарите и новинарите, е тема и во книгата „Крвави земји – Европа меѓу Хитлер и Сталин“ од историчарот Тимоти Снајдер. „Заедничка продукција“ и „близначки тоталитаризми“ се дел од термините што ги употребува Снајдер за да опише како советските и нацистичките операци биле меѓусебно поврзани и заедно создавале услови за масовно насилство. Тој аргументира дека „двата режима си помагаа еден на друг“ и „соработуваа за да создадат катастрофа поголема од збирот на нејзините делови“.

Снајдер тврди дека „заедничкото производство“ не се однесувало само на парадата од 1939 година, туку и на тоа како тие ги урнале структурите на државата (поточно во Полска и балтичките земји). Со уништување на локалните закони и институции, тие создале „зона без држава“ (stateless zone) каде што на поединците им била одземена заштитата, целиот регион ефикасно го претвориле во лабораторија за масовни убиства што ниту еден од нив не можел да го постигне изолирано.

„Паради на победата“ – од Гродно до Пинск и други градови

Иако парадата во Брест-Литовск е медиумски најекспонирана поради присуството на Гудеријан и Кривошеин, таа не беше единствениот чин на заедничко славење на окупаторите. Историските извори потврдуваат дека слични „победнички паради“ и свечени примопредавања се случиле и во други градови низ окупирана Полска во септември и октомври 1939 година.

Еден од најзначајните примери е парадата во Гродно, каде што во примопредавањето учествуваше советскиот комбриг Василиј Чујков, подоцна славен како херој во битката за Сталинград. Слично како во Брест-Литовск, германските трупи – откако претходно го освоија градот – парадираа пред советските офицери додека го напуштаа градот, препуштајќи им го на своите советски сојузници.

Заеднички воени дефилеа беа одржани и во градот Пинск, настани кои Германците официјално ги нарекуваа „Siegesparaden“ (победнички паради). Овие настани беа организирани за да се демонстрира воената координација и да се означи новата граница меѓу двата окупатора.

Историските архиви сведочат за голем број заеднички дефилеа на Вермахтот и Црвената армија и во Бјалисток, каде што локалното население било принудено да биде сведок на маршот на двете војски кои ја уништија нивната држава. Слично било и во Лвив, со таа разлика што таму не се одржала централна парада како во Брест-Литовск, туку градот бил претворен во сцена на повеќедневни заеднички воени свечености на почетокот на октомври 1939 година, по предавањето на градот од страна на Германците на Советите.

Московскиот печат и братството по оружје

Во деновите по 17 септември 1939 година, весникот „Правда“ бил полн со извештаи за „срдечните средби“ меѓу советските и германските војници.

Во изданието од 23 септември 1939 година, „Правда“ објавила официјално соопштение за падот на Брест-Литовск, нагласувајќи дека германската команда им го препуштила градот на советските сили во атмосфера на „меѓусебно почитување“.

Советскиот печат тогаш не го користел зборот „фашисти“ или „нацисти“ за Германците. Наместо тоа, тие биле нарекувани „германски воени сили“, па дури и „нашите германски пријатели“. Извештаите опишувале како германските офицери им помагале на советските трупи со мапи и насоки за побрзо да ги заземат териториите.

Инвазијата врз Полска во „Правда“ била нарекувана „Свет ослободителен поход“ (Освободительный поход). Пропагандата тврдела дека Црвената армија влегува за да ги заштити „браќата Украинци и Белоруси“ од колапсот на полската држава, додека во реалноста тоа било прецизно координирано со Вермахтот.

Во статијата на „Правда“ од септември 1939 година пишува:

„Германското население и војници срдечно ги поздравуваат единиците на Црвената армија. Се воспоставуваат пријателски односи меѓу војниците на двете армии.“

И советскиот министер Молотов, во својот говор пред Врховниот совет на СССР на 31 октомври 1939 година (објавен во сите весници), изјавил:

„Еден краток удар врз Полска од страна на германската армија, а потоа и од Црвената армија, беше доволен за да не остане ништо од тоа грдо чедо на Версајскиот договор.“

Срдечните односи меѓу сталинистичкиот и нацистичкиот режим го потврдуваат безброј записи и сведоштва.

Заедничко коминике за парадата во Брест, 23 септември 1939, „Известија“ (бр. 221)

Телеграми, писма, срдечни средби и заеднички коминикеа и „победнички паради“ се составен дел од „братството по оружје“ на советските и нацистичките елити во периодот 1939-1941 до почетокот на операцијата „Барбароса“ и нападот врз СССР на 22 јуни 1941 година.

Сталин до Хитлер и Рибентроп, Правда, 25 декември 1939 г.

„Пријателството меѓу народите на Германија и Советскиот Сојуз, запечатено со крв, ја има секоја причина да биде долготрајно и силно“, пишува Сталин во телеграмата до Хитлер и Рибентроп, како што објави весникот „Правда“ на 25 декември 1939 година.

Зошто е ова важно денес?

Овој настан не е само историска фуснота. Тој е потсетник на цинизмот на авторитарните режими кои се способни да ги потиснат своите идеолошки разлики за да ја уништат демократијата и да ги прекројат границите на суверените држави.

Парадата во Брест-Литовск е симбол на почетокот на Втората светска војна како заеднички потфат на две агресорски сили. За жал, ехото на оваа политика на „сфери на влијание“ и денес се чувствува во руската агресија врз Украина, каде што историјата повторно се користи како алатка за оправдување на територијални претензии.

Во меѓувреме, траат подготовките на диктаторскиот режим во Москва за прослава на „денот на победата“ на 9 мај. Но, за каква победа може да зборува Кремљ?

„Денацификација“ и „заштита на малцинствата“ како параван за агресија 

Денешната реторика на Путин за „денацификација“ на Украина не е ништо друго туку цинична злоупотреба на историјата.

Додека Москва се обидува да се претстави како единствен и дежурен борец против фашизмот, парадата во Брест-Литовск останува како вечен потсетник дека токму Сталин му овозможи на Хитлер да ја започне својата крвава кампања низ Европа.

„Денацификацијата“ и „заштитата на руското малцинство“ денес се користи како ист таков инструмент за агресија врз суверена држава – Украина – исто како што „заштитата на малцинствата“ беше изговор за окупацијата на Полска во 1939 година.

9 мај: Празник на победата или на заборавот?

Во пресрет на уште една „прослава“ на 9 мај на Црвениот плоштад во Москва, светот треба да ја препознае разликата меѓу историската вистина и руската верзија на „Денот на победата“.

За Кремљ, овој датум не е само чествување на крајот на војната, туку е дел од децениско перење на сопственото минато.

Во таа официјална верзија на историјата, периодот од 1939 до 1941 година – кога Хитлер и Сталин беа сојузници, кога заедно ја прекројуваа Европа и кога советската нафта ја движеше нацистичката воена машина – едноставно е избришан. Додека руските тенкови денес повторно газат низ Украина под изговор на „борба против нацизмот“, парадата во Брест-Литовск стои како сведоштво дека тоталитарните режими, без оглед на бојата и идеологијата, секогаш завршуваат на истата страна на историјата – на страната на агресијата, теророт и поделбата на туѓи територии.

Користени извори и литература

Izvestia [Известия]. „Доклад В. М. Молотова на заседании Верховного Совета Союза ССР.“ 1 ноември 1939.

Pravda [Правда]. „Подписание советско-германского пакта о ненападении.“ 24 август 1939.

Pravda [Правда]. „Дружба народов Германии и Советского Союза, скрепленная кровью.“ 25 декември 1939.

Stalin, Joseph. „Telegram to Joachim von Ribbentrop.“ Pravda, December 25, 1939.

Izvestia [Известия]. „Доклад Председателя Совета Народных Комиссаров и Народного Комиссара Иностранных Дел тов. В. М. Молотова на заседании Верховного Совета Союза ССР 31 октября 1939 года.“ Документи на XX век.

Pravda [Правда]. „Германо-советское коммюнике (22 сентября 1939 г.).“ Претседателска библиотека „Борис Елцин“.

Bundesarchiv (German Federal Archives). „Gemeinsame deutsch-sowjetische Siegesparade in Brest-Litovsk.“ Bild 101I-121-0011A-22. September 22, 1939.

Institute of National Remembrance (IPN). „The Katyn Massacre – Basic Facts.“

United States Holocaust Memorial Museum. „German-Soviet Pact.“ Holocaust Encyclopedia.

UfA Ton-Woche. „German – Soviet Military Parade in Brest-Litovsk.“ Newsreel No. 473. Produced by Universum Film AG, September 27, 1939.

BBC World Service. „The Katyn Massacre.“ Witness History.

CommunistCrimes.org. „81 years ago, German–Soviet military parade in Brest-Litovsk.“

United24 Media. „The Nazi-Soviet Military Parade in Brest (1939).“

Novaya Polsha [Новая Польша]. „Тяжкое бремя 17 сентября 1939 года.“

Patarei Museum. „Nazi-Soviet forces held a joint military parade in Brest-Litovsk.“

Snyder, Timothy. Bloodlands: Europe Between Hitler and Stalin. New York: Basic Books, 2010.

Moorhouse, Roger. The Devils’ Alliance: Hitler’s Pact with Stalin, 1939-1941. New York: Basic Books, 2014.

Сите права се задржани.

Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ