• Latest
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026 10:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Илустрација: ВИ

Илустрација: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Прашањето што го отвори ЦИВИЛ Медиа на Фејсбук: Што мислите за ставовите на Мицкоски и Филипче за бугарското прашање?“ предизвика бројни реакции, коментари и дебати меѓу граѓанките и граѓаните. Дел од нив сметаат дека политичките партии го користат спорот со Бугарија за дневнополитички поени, додека други предупредуваат дека уставните измени не смеат да се прифатат под притисок.

Во коментарите доминира чувство на разочараност од политичката сцена и недоверба кон двете најголеми партии.

„Мислам дека СДСМ работи за растење на рејтингот на ВМРО со самото тоа што инсистира на уставни измени. Сè е глума, као ние се расправаме, нема за кого да се гласа“, наведува еден граѓанин, додавајќи дека излезноста на изборите ќе продолжи да опаѓа.

Други коментатори сметаат дека процесот на евроинтеграции не смее да биде блокиран и дека е потребен политички консензус.

„Треба сите лидери на политички партии да седнат и да имаат еден став прифатлив за сите и без штета на Македонија, а и за Бугарија да бидат сите победници“, гласи еден од коментарите.

Сличен став има и друг граѓанин кој порачува дека „сите треба заедно да седнат на маса и да го решат проблемот – Македонија во ЕУ, тоа е формулата“.

Дел од реакциите се насочени кон актуелната власт и премиерот Христијан Мицкоски, со оценка дека не постои реална политичка волја за придвижување на процесот кон ЕУ.

„Факт е дека Мицкоски не сака почеток на преговори со ЕУ и ќе наоѓа разни изговори, а тоа ќе трае со години“, пишува еден коментатор.

Од друга страна, има и граѓани кои сметаат дека уставните измени се наметнат услов и дека не треба да се прифатат.

„На Бугарите не смееме да им веруваме. Диктатот за додавките во Уставот не е последен услов. Никако да не се прифаќа бугарската уцена“, наведува еден од учесниците во дебатата.

Во дискусијата се појавуваат и пошироки геополитички оценки и критики кон политичките елити во земјата.

„После 35 години сè уште да се крстиш во овие две партии треба да си навистина луд“, гласи еден од покритичните коментари.

Имаше и реакции од граѓани кои сметаат дека интеграцијата во ЕУ е неизбежен процес.

„Како што беше влезот во НАТО, така и ова ќе биде“, пишува еден коментатор, додавајќи дека одлуките на крај ќе бидат донесени под меѓународен притисок.

Во дел од коментарите се забележуваат и националистички и ксенофобични ставови, како и меѓусебни обвинувања за влијанија од соседните држави, што дополнително ја покажува поларизираноста на јавноста околу односите со Бугарија и европската перспектива на државата.

Венко Филипче во изминатиот период повторно повика на продолжување на евроинтегративниот процес и усвојување на уставните измени, додека Христијан Мицкоски останува на ставот дека нема да прифати промени под бугарски диктат без дополнителни гаранции од ЕУ.

Б. Ј.


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ