Јана Куновска
Отидовте ли на одмор СДСМ? Се уморивте ли од силното застапување на интересите на граѓаните? Како оди седењето во сенка на ладно и оставањето да нѐ распродава и краде оваа булумента?
Не можам да си објаснам, може некој ќе знае, како при најсилен сентимент против членство во ЕУ од осамостојувањето досега, не ви текна да преземете нешто? Во време кога руска пропаганда гази и пере мозок на обичниот човек, вие, лабаво?
Наместо да мобилизирате пари, медиуми, ресурси, па од сабајле до вечер да трубите за придобивките од членството во ЕУ? Секој ден, само тоа и ништо друго освен тоа. Бомбардирајте со информации за пристап до пазар што веќе апсорбира 70-80% од нашиот извоз, за стотиците милиони евра годишно што ќе се слеат од структурните фондови, за неповратните средства за рехабилитација на здравството, образованието, инфраструктурата, патиштата, железницата, канализацијата, вложувања во енергетика… со строга контрола од ЕУ за тоа како се трошат и точно што ќе постигнат. За огромната важност на затегнување на контролните механизми на трошење и антикоруптивните пракси кои за една мала држава како нашата одма ќе се видливи? За веднаш видливата казнивост – ако не испорачаш, нема пари.
Неверојатно е колку мрзливо и безидејно тоне опозицијата, а со нив и сите ние оставени на немилоста на 300.000 сељачка, зла и неписмена банда.
Излезете со анализи, со пити, со графикони и секојдневно раскажувајте како оваа земја нема друга опција. Објаснувајте темелно и исцрпно, аргументирајте, убедувајте зошто е тоа така и дека немаме друг избор освен членство во ЕУ. Постојано, без престан додека и птиците на дрвјата не се убедат дека Македонија нема друга опција.
Или распуштете се.
Текстот е личен став на авторката | ЦИВИЛ МЕДИА
Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ
Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот
Дајте го својот придонес СЕГА














