• Latest

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026 16:00
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, БЛИЦ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Љубомир Костовски

Слушам во дневната соба како ечат пукотници, како луѓе запомагаат и повикуваат сите да се засолнат а притоа пукотниците не престануваат…

Но не гледал никој дома некој акционен филм, не било тоа некој вестерн за минатото на Тексас. Таа слика и прилика на пукотници, две групи среде пладне на 24 јуни во населбата Ченто водат улична војна!

За ова нема сериозен извештај и се чини официјалната власт сакала да го сокрие овој настан – па премногу е насилства за еден-два мeсеци само во оваа општина (Гази Баба), дури и во оваа населба. Имавме тешко ранување со нож на ученик од осмо одделение, нели, во училишниот двор.

А на вчерашната дебата, по интерпелацијата за министерот за внатрешни, од негова уста чув дека македонскиот народ никогаш не бил побезбеден!

Имаш ли релевантна анкета за тоа? Па само твоето МВР, министре, дневно дава по дузина извештаи за случени настани кои не се наивни. Па и немало толку извештаи како порано, од 1945 година наваму. Или твоите службеници „се описмениле“, па бележат ли, бележат.

Се сеќавам дека само неколку месеци по седнувањето во фотелјата на овој министер се случија мислам шест убиства кои останаа неразјаснети! Едно од нив беше за лекар од Амбулантата Железара. Има две години, нели, од тогаш.

Па кога станува збор за тие пресметки со голем број учесници и испукани куршуми, еден таков настан имаше и пред зградата на полициската станица Бит пазар и тоа пак среде пладне и додека многу дечиња се играле на улицата. Ги пуштиле родителите, па тука е најбезбедно, нели? Било ептен жестоко, а имаше и еден убиен рок музичар во своето возило („сачекуша“). И деновиве дознаваме дека убиецот (или убијците) се ослободени од обвиненијата – немало релевантни сведоци! Па кај и да има кога сите полицајци изгледале легнувале под маса….

Да не одиме во детали и да не го споменуваме Кочани.

 


Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ