• Latest

Хроника на една пропадната држава (јуни 2026): Од партиски пресметки и европска блокада до шверцерски изборен инженеринг

July 6, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Хроника на една пропадната држава (јуни 2026): Од партиски пресметки и европска блокада до шверцерски изборен инженеринг

July 6, 2026 14:09
in ЕВРОПСКА УНИЈА, КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала

Политичката сцена во Северна Македонија е еден таков трагикомичен циркус, на човек да му се смачи и да пишува за него. Се разбира, единствени губитници и понатаму остануваат граѓанките и граѓаните кои скапо ја плаќаат влезницата за секојдневните паланечки претстави со лоша глума и дрски трикови.

Ова е држава во слободен пад, заробена во сиромаштија, отсуство на реформи и слугување на туѓи геостратешки интереси. Во сета пропагандна врева, ретко може да се слушне некој глас на разумот. Не дека разумни луѓе нема, туку затоа што нивните гласови се задушени во бескрајното повторување на лагите и манипулациите. Национализмот останува главно погонско гориво во политичката борба, и како главен наратив, но и како контекст на најголем број политичка пораки што се како тинитус – постојан звук во ушите од кој никако не можете да се ослободите.

СДСМ против СДСМ: Забава за масите

Внатрепартиските турбуленции во СДСМ растат од ден на ден. Особено по катастрофалниот изборен пораз во 2024 внатрепартсиките односи се претворија во јавен спектакл на меѓусебни обвинувања за „предавство“ и соработка со премиерот Мицкоски.

И додека партијата се занимава со самоканибализам и лов на вештерки во сопствените редови, ВМРО-ДПМНЕ вешто го користи овој вакуум за сопствен политички профит.

Оваа внатрешна војна е совршена „забава за масите“, која го одвлекува вниманието од реалниот колапс на системот и ја остава државата без суштински критички коректив. Едноставно, граѓанките и граѓаните во овој момент немаат политичка адреса за артикулација на демократските вредности и човековите права во доменот на политиката. Тешко дека може да го најдат и кај невладините, а уште помалку во медиумите. Со ретки исклучоци, се разбира. Впрочем, постојано се занемарува уште една работа. Граѓанките и граѓаните немаат обврска да искажуваат лојалност. Обратно е. Политичките елити се тие што треба да покажат лојалност кон нив. Истото се однесува и на другите актери во општествено-политичкиот организам. Ама кому да му се каже?

За сликата на оваа политичка девастација да биде целосна, мора да се нотира фактот дека опозицијата во земјата е остро поделена по етнички линии. Ова недвосмислено сигнализира дека етничките ровови остануваат константа, независно од тоа кој е на власт, а кој во опозиција и какви ќе бидат идните парламентарни состави. Ваквата фрагментација само ја комплетира мрачната слика за крајно неизвесната демократска иднина на државата, во која граѓанскиот концепт е системски уништуван и маргинализиран во корист на етно-политичкото групирање.

Само како уште една илустрација, мислам дека е важно да се разбере дека политичкиот филибастеринг и бесконечните собраниски процедури сами по себе нема да решат апсолутно ништо, особено ако не се придружени со јасна и транспарентна јавна расправа за клучните прашања. Треба ли посебно да се напомене дека на секое општество му е потребна реална артикулација на проблемите, а не театар.

Демократско назадување во прегратките на „српскиот свет“

Додека опозицијата се јаде самата себе, државата останува во целосен ќорсокак, со сѐ помала надеж дека ќе му се приклучи на ЕУ семејството. Тврдоглавото одбивање на ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени со кои бугарската и неколку други заедници би се внеле во Уставот, ја бетонира меѓународната изолација. Во меѓувреме, сиромаштијата и социо-економската нестабилност растат. Едноставно, нема пари, а ниту една ЕУ мерка не е толку дарежлива да го финансира големиот неуспех на владата на Мицкоски.

Уште позагрижувачки е фактот што земјата континуирано ја игра улогата на прокси за руските интереси и цврсто се позиционира како дел од „српскиот свет“. Со други зборови, европската перспектива се жртвува за сметка на слугување на регионалната српска хегемонија и руското влијание, кое веќе целосно е вткаено во општествено-политичкиот амбиент во земјата. Додека НВО фолирантите од Европа и од земјава се занимаваат со полирани извештаи за руските пропагандни операции што ни самите не ги читаат, операциите се одвиваат целосно непречено и со благослов на политичките елити и локалната олигархија.

Изборен инженеринг во најава

Одлична илустрација за тивката политичка и системска пропаст се предложените измени на Изборниот законик. Владата на Мицкоски ги турка овие законски промени по скратена постапка, во херметички затворен процес и без грам јавна дебата. Како што јасно предупредува ЦИВИЛ, ова не е реформа, туку агресивен обид за приватизација на изборниот процес.

На пример, форсирањето на електронско гласање (i-voting) за дијаспората отвора широк простор за масовна манипулација и легализирање на изборни кражби, особено во ера на интензивни хибридни напади. Истовремено, суштинските реформи како што се реформите на изборниот систем, бројот на изборните единици и ревизијата на партиското финансирање се намерно игнорирани. Кога правилата за освојување на власта се носат шверцерски, демократијата е веќе банкротирана многу пред граѓаните воопшто да излезат на гласање.

Бирократскиот Брисел и стабилократијата

Во ваков амбиент, владејачките елити и олигархијата остануваат речиси целосно недопрени и непредизвикани од никого, комотно заштитени од парламентарното мнозинство, заробените институции и поларизацијата по политички и етнички линии. Тие се дополнително охрабрени од политиката на умилкување од бирократскиот Брисел кој спроведува „стабилократија“ и премолчува сè во име на некаков геополитички мир, а на сметка на демократијата и човековите права. И додека природата дивее со невидени температури, општествениот простор останува замрзнат. Независните гласови и критичката мисла забрзано исчезнуваат, згмечени пред моќната машинерија на популистичката и националистичка пропаганда која го голта секој преостанат кварт на слободата.

 


Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ