• Latest
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026 10:53
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Оливер Андонов

Знам дека би било логично во оваа неделна колумна да бидам во тренд и да пишувам за изминатиот годишен самит на НАТО во Анкара. Но јас веќе пред три недели ви напишав што ќе се случува и за што ќе се зборува во Анкара, како и за тоа каде ќе сме ние.

Така и бидна, нашите претставници отидоа да се сликаат, односно да ни покажат слики колку убаво си поминале со наши пари, патем да замачкаат очи со некакви си меморандуми за намера, ама од суштинските прашања нема ништо. Нема да им дојде памет ниту од седењето во магарешка клупа заедно со другар им Радев. Впрочем, Радев го ставија во магарешка клупа за неговата политика на поддршка на Русија и не влезе во ниту еден потсојуз на НАТО. Нас нѐ ставија во магарешка клупа заради нарушување на меѓусојузничкото единство во Јужното крило на НАТО, а заедно нѐ ставија во магарешка клупа во однос на воената индустрија и Украина. Тоа околу присуството на Форумот за воена индустрија е повеќе задолжение за претставниците на сите земји членки за да видат каде се наоѓаат и да се соочат со реалноста. Онаа реалност која овде ја шминкаат и ги залудуваат македонските граѓани со пропагандни глупости, а во пракса повторно ќе нѐ нема никаде да искористиме нешто од 40-те милијарди кои Европа ќе ги одвои за развој на воената индустрија. Секако, и претходните 80 милијарди ги пропуштивме, и пред тоа уште 30 милијарди европски пари, ама правиме јавни забави за редовен шести пакет на помош од ЕУ во вредност од 40 милиони. Овие нашиве имаат сериозни когнитивни пореметувања, па во рамките на НАТО и Европа не разликуваат 40 милиони од 150 милијарди, но таа когнитивна маана, не им важи за дома – во Македонија, односно за нашите буџетски пари.

Замислете Македонија да се залепеше до ЕУ и НАТО и само 1% да успееше да добие од тие 150 милијарди евра. Тоа се 1,5 милијарда евра, помош за Македонија и развој на воената индустрија во Македонија. Не се тоа пари за купување оружје, туку за развој на сопствено производство. Барем да се стапеше во сериозни разговори со некој од извршните директори на големите (огромните) воено индустриски комплекси од САД кои беа на Самитот и да се измолат да дојдат во Македонија. Ама и од тоа нема ништо, затоа што ние останавме без човечки капацитет и сѐ повеќе ќе биде ужасно тешко да се рестартираме и создадеме квалитетен човечки потенцијал. Но јас две години наназад зборувам за приоритетите на македонската одбрана во рамките на НАТО и на ЕУ, а Мисајловски се расправа со мене на лична основа, а поради мене и со Воената академија, наместо да ја развива институцијата во воено-технолошки аспект.

Во исто време Мицкоски е изгубен во времето и просторот по оваа прашање – тој е пропаганден зависник кој сега од Белград по наредба на Москва гледа кон Софија, но сака да се слика покрај донирана воена опрема. Ајде Луке, нарачај му еден генералски шинел, нека блесне со полн сјај. За Силјановска немам што да коментирам, женичката сака да се слика, да остави спомен на внуци а во меѓувреме да искажува разни зачудувања – толку.

Третата точка на сериозна геополитичка расправа во Анкара беше Украина. Украина е постојана тема на која укажуваме, но за нас е интересно дека и во однос на помошта и поддршката кон Украина во однос на спротивставувањето на руската агресија, Мицкоски има идентични ставови со Радев, а во исто време божем го брани македонскиот идентитет токму од тој со кого споделува исти демократски вредности на примерот на Украина. Патем, долго време укажуваме на тоа дека за Македонија е неопходно да соработува со Украина во областа на развојот на дроновите како современо оружје за што имавме и директна понуда од Кијив, но Мисајловски и Мицкоски мораат да ја спроведуваат путиновата политика и така „ништо од работата“. Впрочем тоа го прави и Радев, но по магарешката клупа во Анкара и покрај изразениот руски наратив во однос на НАТО и ЕУ како „колективен Запад“ (термин употребуван од Лавров), си легна на брашното. Така Радев нема да стави вето на 21-от пакет санкции од ЕУ врз Русија, туку ќе го кажел своето неодобрување или резерва. Ами на Радев му остана, само да ги спроведува проруските активности во регионот и тоа во координација со Мицкоски кој има изгубени когнитивни способности или можеби човекот е жртва на когнитивната војна.

Сепак, имам сенс да ги антиципирам нештата. Ви кажав дека, наспроти сите можни анализатори за последниот Самит, ова беше најпитомиот и најсплотен НАТО самит. Преку Украина тоа најдобро се гледаше. Но тоа е само поради тоа што Трамп намириса пари (вратете се погоре на европските 150 милијарди за воена индустрија), а кога тој ќе ги намириса парите, станува Волстрит Пит Бул.

Е, токму во таква состојба, при изгубени когнитивни способности, Мицкоски прави реконструкција на владата на Република Македонија (за Мицкоски Северна) и тоа потполно во координација со Радев. Ајде што се заедно на магарешка клупа (за волја на вистината, Мицкоски немаше храброст да отиде во Анкара и ја прати Силјановска), туку и во договор со Радев гласаа на иста страна за Путин во врска со меѓународниот суд што е во согласност и со нивниот став за (не)помошта кон Украина. Кога ете, сега ја формираа и новата бугарска влада во РСМ. Ете затоа што однапред кажав сѐ во врска со Самитот во Анкара, за што ќе се зборува и што нѐ чека и како ќе нѐ третираат, нема потреба оваа колумна да биде посветена на прераскажување на самитот во Анкара. А за тоа какви ФБ сликички и друга евтина пропаганда ќе се нагледаме тука, немам намера да коментирам – и тоа ви го кажав. Затоа ќе ја разгледаме новата бугарска влада во РСМ која ја формираше токму најголемиот бранител на бугарскиот идентитет во Македонија – Мицкоски во улога на премиер.

Во новата бугарска влада на РСМ, според сознанијата на Внатрепартиската фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ, има петмина „горди сопственици“ на државјанство на Република Бугарија. Тоа претставува 18% од составот на министерскиот совет (пардон, владата на Мицкоски) или владата на Република Северна Македонија. Тоа значи дека доколку во Македонија има 3.500 декларирани Бугари (според пописот од 2021 година кои постојано Мицкоски ги споменува како егзактен факт), на кои не им се дозволува уставно-правно да го регулираат својот статус или околу 0,3% од македонското население, тогаш со 18% учество во владата на Мицкоски, тие се позастапени од некои други делови на народ кои живеат во Македонија. Доколку се точни проценките дека во РСМ има малку над 80 илјади „горди сопственици“ на бугарско државјанство, или отприлика 4% од македонското население, тогаш испаѓа дека со 18% за неколку пати е поголем бројот на бугарски државјани – клети Бугари, во владата на Мицкоски отколку во државата Македонија. Ете и тоа се егзактни бројки – математички прецизно, што би рекол министер претседателот Мицкоски.

Доколку кон оваа статистика ги додадеме и „гордите сопственици“ на државјанства на Србија, Албанија и Косово, ќе дојдеме до бројка, според сознанија на Внатрепартиската фракција во ВМРО-ДПМНЕ, дека во владата на Мицкоски имаме 14 „горди сопственици“ на државјанства на соседните држави. Тука имаме и трипартити, па секако и некој со државјанство и на некоја друга европска или трета држава. Но тоа што е важно е дека со 14 државјани на соседните држави, кабинетот на Мицкоски наречен Влада на Република Северна Македонија е малцинска влада во однос на исклучителната лојалност кон РСМ.

Односно, да бидеме најдиректни или безобразно директни, со оваа Влада коалиционо раководат Радев, Вучиќ, Рама и Курти како коалициони партнери чиј премиер е Мицкоски.

Тоа се гледа на највисоко – министерско ниво, а онаа што не се гледа, односно се случува на второ, трето и четврто ниво е уште поизразено, само што никој нема ниту време ниту можност да се занимава со такви анализи и согледувања, а и би било глупаво тоа да се прави – навлегува во човековите права и слободи. Што ли мисли Мицкоски за ова околу човековите права и слободи?

Да расчистиме едно прашање кое злобниците ќе го постават. Нашата забелешка на персоналниот состав на владата на Мицкоски поврзано со нивната двопартитност не е прашање за нашиот демократски став кон личното право кое е уставно загарантирано во Македонија да се има двојно, па и тројно државјанство. Проблемот на новата бугарска влада на РСМ е проблем на Мицкоски и тоа во однос на неговата дволичност кон граѓаните на Македонија.

Како тоа не може Бугари во Устав, но може во влада? За во Собрание и не станува збор. Впрочем, ви кажав дека онаа будалаштина на Милошоски за забрана на двојни државјанства беше само забава за народ и глумење патриотизам за проста маса. Тоа нешто божем Мицкоски се обидува да ни се претставува за демократ? Има ли поголем демократски капацитет од тоа да ги почитуваш основните човекови права на секој граѓанин и согласно типот на македонскиот устав да ги внесеш сите малцинства (делови од народи) кои живеат во Македонија во Устав?

Има! Но Мицкоски нема храброст за тоа.

Решението се вика граѓански Устав, во кој сите државјани на Република Северна Македонија ќе бидат „северномакедонци“, без разлика на личното чувство, самоспознанија, религија и слично. Но, тука има проблем, односно неколку проблеми. Тогаш Мицкоски ќе го растури бизнисот со ВЛЕН и ќе има проблем со македонските Албанци. Потоа, ќе признае дека му дозволи на Заев со промената на името на државата Македонија, да ја промени политичката основа на нацијата од македонска во северномакедонска, согласно политичките теории кои според името на државата ја дефинираат и нацијата (ова е според теорискиот пристап на науката – напоменувам).

Понатаму, ќе ја признае својата немоќ да го реализира ветувањето кое го даде на изборите 2024 година дека ќе го врати името на државата без северната придавка. На крајот, ќе ја растури коалицијата Радев, Вучиќ, Рама и Курти, а тоа ќе му предизвика многу непријатности, пред сѐ, лични и лукративни.

За непријатностите по Македонија многу не е загрижен додека ги исполнува задачите од коалиционите партнери, посебно оние од Белград, но како што можете да видите и од Софија. За исполнување на задачите од Приштина се задолжени оние од ВЛЕН, па затоа повремено нема да можат да влезат во Албанија, но на македонската јавност нема да и кажат зошто, едноставно ќе се прават на жртви.

Тоа како тест период за отворање на нов конфликт со Албанија, откако во Белград ќе дојде до смена. Секако смена под влијание на последниот извештај на ЕУ, но повеќе верувам дека е под пасторско влијание, Вучиќ ќе замине во духовништво, дипломатско, но до кога ќе издржи ќе видиме. Затоа, Кремљ брзо одлучи влијанието на  духовниот дипломат да го замени со пилот. Како и да свртиш, сѐ е во сферата на воздухот – помалку да се гледа од перспектива на Македонецот, а и да има облаци за помала видливост. Е сега дали е видливо или невидливо, не е важно. Важно е да функционира стабилно за Сатрапот од Кремљ.

Затоа, нели, од Мицкоски се чекаше стабилна влада во Софија. Постабилна, здравје – без разлика колку ќе трае, во моментов е толку стабилна што има директно влијание и врз формирањето на правителство на Република Северна Македонија на чело со министер претседател Мицкоски. Како на друг начин да ја разбереме оваа двопартитност (која, нели, не го интересира Мицкоски), при што 18% од составот на кабинетот на министер претседателот Мицкоски се хора с Б’лгарско гражданство, освен като второ Б’лгарско правителство в Западните страни според препораките на стабилниот Радев.

Така, може да очекуваме уште повеќе сплотена политика на Радев и Мицкоски во односите кон Украина и Русија – Путин и спротивставувањето на ЕУ во врска со членството на Македонија во ЕУ. Сѐ си е на ред, Мицкоски – нарани кучета и не пипај дугмета. Тоа е последната заповед од Кремљ, сега испратена преку Радев.

Оставам можност Мицкоски да сака (за инает на Бугарија) историски да го обнови Западното Б’лгарско Царство па да се прогласи за нов Самуил, и така сѐ уште не дозволил на историската комисија да заврши со Охридската Архиепископија, па еве, во современието сака да им ги олесни решенијата. Се плашам при една ваква ситуација дека очовадникот за Мицкоски нема да биде во Константинопол и од македонската династија, туку дека ќе биде од Белград, од херцеговачката династија.

Но да се вратиме на новата бугарска влада во РСМ. Сепак, како докажан демократ и Радев остава простор за исполнување на целите на останатите коалициони партнери. Така, Стоиљковиќ ќе си оди во министерство за локална самоуправа за да ги засили со државни пари општините каде мнозинство се припадниците на српското малцинство во Македонија, да финансираме уште некоја прослава за српската окупација на Македонија по Балканските и Правата светска војна, а и да не се нарушат односите со Вучиќ и неговиот претстоен егзекутор Брнабиќ и да се зачува status quo до по изборите во Србија, па потоа ќе се делат картите повторно.

Истото  важи и за Рама и Курти, нивната сегашна цел е завршување на сагата за полагање на правосуден испит на албански јазик и на кого ќе му припаднат заслугите за тоа. Нешто што Мицкоски како и многу други работи немаше храброст да го реши како државно-политичко решение од интерес на Македонија, туку пред Македонците ќе глуми патриот, а кадар на ВЛЕН во Правда ќе го реши прашањето. Потоа да не се чудите зошто на некој од владините коалициони партнери ќе му одговара подигање на конфликтна состојба на релација Македонци-Албанци, но пред сѐ за интересот на Кремљ. Конфликтен потенцијал секогаш се наоѓа кога не се решаваат прашањата.

Но за граѓаните, Македонија наша ќе продолжи да си тоне и со новата бугарска влада, влегувајќи во сѐ поголеми дупки. А убаво му кажа Кос на Мицкоски (и покрај обидите за провокативни новинарски прашања), дека Македонија застанува или отстапува од европскиот пат.

Е па сега, има ли подобар момент да направиме референдум и да низ призмата на уставните измени и јасното и недвосмислено демократско изјаснување на граѓаните на Македонија дојдеме до одговор на тоа дали сакаме во ЕУ или не сакаме. И така таквиот референдум ќе треба да го спроведе новата бугарска влада на РСМ. Подобри услови – здравје. Што би рекол српскиот коалиционен партнер „Шта буде нек буде – или ЏА или БУ“. Барем да не се мачиме како граѓани по прашањето за ЕУ, а и на Мицкоски да му помогнеме – греота е да се мачи со балансирање помеѓу коалиционите му ментори и Кремљ во правителството му и да се обидува секому да угодува. Доколку и малку има слобода на дејствување – во што искрено се сомневам, преку еден ваков референдум ќе се ослободи себеси, но пред сѐ, ќе ја ослободи  Македонија, да донесе јасни одлуки за иднината. И така Кос јавно ни ја постави дилемата, сега останува на правителството и министер претседателот Мицкоски да го прифати предизвикот.

А и ќе му излезе в пресрет на Венко и неговото прифаќање на идејата за референдум, кој по онаа безобразна и долгорочно осмислена, тенденциозна провокација на лицето БЦ и олигархијата, се разбуди во 12.05, и за разлика од Мицкоски, кој се обидува да се прави дека не ја гледа и не ја чувствува Внатрепартиската фракција, веднаш прифати да води разговори за ИДНИНАТА со членовите на СДС – подвоскреснато, секако и разбирливо, без пулените на лицето БЦ.

Ова за СДС – Венково е шанса потполно да се разбудат па нека е тоа и во 12.10, а можеби и ќе се покајат за однесувањето во минатото и на некои поранешни „лидери“ и функционери од СДС. Од каде да знаеме, доколку има искрено покајание, може да има и прочка од македонските граѓани – тоа е Христијански-Православно, но пред сѐ човечки да се простува, посебно доколку во ИДНИНАТА се откажат од МИНАТОТО, она нивното – партиско. Засега, сѐ уште не изгледа така.

Сега, во предвечерието на „реконструкцијата на правителството на Мицкоски“ да си ја поздравиме новата бугарска влада на РСМ, со еден познат Б’лгарски шлагер (од времето на Цар Борис III – да не кажам фашистичкото време, што би рекол самиот Мицкоски) „Минаха години“ – е минаха Мицкоски, но њама со какво да се покажеш, а ште минат уште, а ти ште си останеш истиот, като и Радев и Вучиќ, бидејќи така – тесно ти го скроиле, па по старата српска влада, нормално е коалиционите партнери да ротираат. Нели и министер претседателот кажа дека имаат нови приоритети иако не нѐ удостои да ни ги каже тие приоритети. Но за умните доволно да разберат какви и чии се тие приоритети.

До формирања следече београдске владе, будите ми живи и здрави. Помаже Бог брачо! – како велеше Мицкоски до скоро и од скоро.

 


Проф. д-р Оливер Андонов е професор на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје | Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ