• Latest

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ИСТОРИЈА

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026 12:07
in ЕВРОПА, ИСТОРИЈА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На 15 јули Украина го одбележува Денот на Украинската Државност – Денот на покрстувањето на Кијивска Рус-Украина, празник што ја зацврстува свеста за повеќе од илјадагодишната традиција на украинското државотворење и го потсетува светот дека современа Украина е наследничка на древната европска државна традиција. Симболично е што овој датум се совпаѓа со денот на чествувањето на кнезот Володимир Велики и Денот на покрстувањето на Кијивска Рус-Украина, бидејќи прифаќањето на христијанството од страна на кнезот Володимир во 988 година претставувало цивилизациски избор на Украина, кој го определил нејзиното место во европскиот културен и политички простор.

За Украина, државноста не претставува само постоење на современата држава, туку и континуитет на историскиот развој што опфаќа повеќе од илјада години. Историјата на украинското државотворење започнува со средновековната држава Рус, чиј центар бил Кијив. Токму тогаш се формирале основните политички, правни и културни традиции, кои се зачувале низ вековите и станале темел на современата украинска држава.

Кијивска Рус била еден од значајните субјекти на европската политика и одржувала политички, економски и културни врски со повеќето држави од тогашна Европа – од Византиската Империја до Кралството Франција. Воведувањето на христијанството придонело за развојот на образованието, културата и летописната традиција, за ширењето на кириличното писмо и за формирањето на правниот систем, особено преку создавањето на „Руска правда“ на кнезот Јарослав Мудриот. Токму тогаш биле поставени темелите на украинската политичка култура и државните институции.

Украинската државна традиција не била прекината по падот на Рус. Неа ја продолжиле Галициско-Волинската Држава, Украинската Козачка Држава – Запоришката Војска, Украинската Народна Република, Западноукраинската Народна Република, Украинската Држава на хетманот Павло Скоропадски, Карпатска Украина и современа независна Украина. Секоја од овие етапи го потврдувала стремежот на Украинците кон самоуправување, слобода и демократски развој.

Посебно место во украинската историја зазема козачкиот период. Запоришката Сич станала воено-политичка организација заснована врз принципите на лична слобода и изборност на власта, додека Хетманштината воспоставила целосно развиени државни институции – систем на управување, финансии, судство и војска. Уставот на Пилип Орлик од 1710 година станал еден од најзначајните политичко-правни документи на своето време и сведоштво за длабоката традиција на украинскиот конституционализам.

Украинците повеќепати ја губеле сопствената државност поради надворешна агресија, но никогаш не се откажале од борбата за слобода. На 22 јануари 1918 година Украинската Народна Република прогласила независност, а на 24 август 1991 година Врховната Рада на Украина го усвоила Актот за прогласување на независноста на Украина, обновувајќи го државниот суверенитет. На 1 декември 1991 година украинскиот народ со апсолутно мнозинство гласови ја потврдил оваа одлука на сеукраински референдум. Така, современата независност на Украина не претставувала почеток, туку закономерно продолжение на повеќевековната историја на државотворењето.

Еден од највпечатливите симболи на овој историски континуитет е Тризубот – древниот знак на кнезот Володимир Великиj, кој денес е Државен грб на Украина. Неговиот лик се користел уште во времето на Кијивска Рус на монети, печати, оружје и други артефакти од X–XIII век. Во XX век Тризубот станал грб на Украинската Народна Република, а на 12 февруари 1992 година бил утврден како Мал Државен Грб на Украина. Денес, токму под овој симбол, Украинците ги бранат својата слобода, независност и територијален интегритет.

Подеднакво длабоки историски корени имаат и украинските државни симболи и институции. Сино-жолтите бои на украинското знаме потекнуваат уште од времето на Галициско-Волинската Држава, а гривната била парична единица на Рус, која Украина повторно ја вовела по стекнувањето на независноста. Ова уште еднаш го потврдува наследниот карактер на украинската државна традиција.

Срцето на оваа традиција бил и останува Кијив – политички, духовен и културен центар на Украина. Токму оттаму се формирала државноста на Кијивска Рус, се ширеле европските културни влијанија и се донесувале историските одлуки за независноста и единството на Украина. Кијив бил престолнина на Рус, место каде што биле прогласени независноста на Украинската Народна Република и Актот за Обединување од 1919 година, а во 2022 година станал симбол на нескршливоста на украинскиот народ пред руската агресија.

Денес, додека Украина продолжува да ја брани својата независност од сеопфатната руска агресија, значењето на Денот на Украинската Државност ги надминува рамките на националниот календар. Познавањето на историјата на украинското државотворење претставува силен одговор на манипулациите и дезинформациите на Русија, која со децении се обидувала да го негира правото на Украина на сопствена историја и државност. Вистинската историја ги разобличува митовите за „еден народ“ и „вештачка држава“, покажувајќи го континуитетот на украинската државна традиција во текот на повеќе од илјада години.

За меѓународната заедница, Денот на Украинската Државност претставува потсетник дека Украина е нераскинлив дел од европската цивилизација, држава со длабоки историски корени, сопствена политичка култура и повеќевековна традиција на борба за слобода. Денес Украинците ја бранат не само својата територија, туку и правото самостојно да ја определуваат сопствената иднина, да го зачуваат националниот идентитет и да ја продолжат историјата на државноста што трае повеќе од илјада години.

Амбасада на Украина во Република Северна Македонија

 


Фото извор: Амбасада на Украина

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ