• Latest
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Неписмени дипломци

July 27, 2026

Кога и цртањето на табла не помага

July 27, 2026

За ослободувањето на украинските цивилни затвореници

July 26, 2026

Дебилност или имбецилност

July 26, 2026

Предупредување

July 26, 2026

Вештачење од 2024: Мазутот од РКМ не загадувал, а работењето на ТЕЦ Неготино ѝ заштедило над 12 милиони евра на државата

July 25, 2026

Кијив ја мина ноќта во подземните метро станици

July 25, 2026

Напад со балистички ракети во Буча кај Кијив – 10 загинати, околу 100 повредени, агресорот потрошил 17-20 милиони долари за нападот

July 24, 2026
Волфганг Ресман, Медија дијалог, Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ)

ВОЈНА НА ТЕРОР: Д-р Волфганг Ресман за рускиот ракетен терор во Кијив

July 24, 2026
Илустрација ВИ

ЕУ го казни Гугл со рекордни 890 милиони евра поради нарушување на конкуренцијата

July 24, 2026
Фото: Фронтлајн

Унгарија отвори истрага за заемот од една милијарда евра за Северна Македонија

July 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Неписмени дипломци

July 27, 2026 10:55
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Share on FacebookShare on Twitter

Марко Маневски

Србија е земја на чудата. Земја во која човек што не може да пополни уплатница без туѓа помош има магистерска диплома по менаџмент. Земја во која директор на јавно претпријатие, со три титули и фотографија во евтин костум покрај знамето, не може да состави коментар без пет правописни грешки. Земја во која „д-р“ пред името стана исто што некогаш беше златниот синџир околу вратот – знак дека си некој и нешто, сосема независно од тоа дали барем еднаш во животот си прочитал цела книга.

Добре дојдовте. Земете бројче и почекајте, наскоро ќе ве прими некој што е функционално неписмен.

Поразителни бројки, но никој не се срами

Пописот од 2022 година. Повеќе од 357.000 луѓе без завршено основно образование. На тоа додајте уште едно милионче со завршено само осмо одделение како круна на образовната кариера. Кога сето тоа ќе се собере и ќе се стави во контекст, приближно една петтина од возрасните во Србија образовно функционира на ниво што во нормална држава би предизвикало вонредна состојба во образованието.

Овде предизвика едно големо ништо.

Ниту трепна некој. Ниту собраниска расправа. Ниту еден единствен министер што станал и рекол: „Луѓе, ова е катастрофа, мора нешто да се направи.“

А и зошто би го направил тоа? Повеќето министри и самите имаат дипломи од факултети што само комисијата за акредитација, со магија и баење, успева да ги пронајде на картата. Кругот е затворен, системот го штити системот и сите се среќни, освен оние што се трудат навистина да создадат некаква вредност.

Виновни се неблагодарните наставници – не сакале да работат. Виновни се разгалените родители. Сите се виновни, освен оние чија е оваа ебена одговорност. Тие се ненадминливо неодговорни.

Сфаќате ли што значи ова?

Ова значи дека секогаш кога ќе излезете на улица, ја ставате главата в торба. Зашто луѓе што не можат да разберат и да пренесат сложени мисли се задолжени за функционирањето на некои од основните работи во нашето општество.

Кајлите дипломираа

Сетете се на деведесеттите. Криминалецот тогаш беше естетски искрен. Носеше шушкавец во боја што не постои во спектарот на видливата светлина. Околу вратот – кајла, златен синџир дебел колку индустриска сајла, кој беше неизговорен манифест на една цела животна филозофија. Го носеше гордо и видливо, како трофеј. Како порака: тука сум, знам кој сум и не се кријам. Своевиден среден прст упатен кон раната посткомунистичка, среднокласна малограѓанштина, која лојално и патриотски се давеше во немаштија.

Беше страшен, беше опасен, но барем можеше да го препознаеш. Можеше да преминеш на другата страна од улицата.

Денес истиот тој човек, или некој негов потомок, облекол костум, ставил „д-р“ пред името и седнал во собраниска клупа. Кајлата е симната, оставена во фиока и заменета со свилена вратоврска и диплома во рамка. Наместо да ги гази луѓето со автомобил, ги гази со потпис. (Иако сите сме сведоци дека старите навики тешко се менуваат – сака да згази некого со кола, па тоа ти е…)

Пиштолот сè уште е тука.

Сепак, добро знае со какви гомна плива во барата.

Дипломата стана кајла на современиот криминалец. Единствената разлика е во тоа што дипломата уништува со години. Тивко. Институционално. Со печат и меморандум. И никогаш не знаеш кој ја купил, а кој ја заслужил – што, се разбира, е и целата поента. Релативизирањето на академските достигнувања и банализирањето на експертскиот авторитет преку нескротлива корупција одземаат човечки животи.

Пазарот на дипломи: понудата секогаш ја следи побарувачката

Србија има фантастична пазарна економија во една област: хартиите од вредност. Но не оние што законот ги дефинира како такви. Станува збор за пластифицирани хартии што служат како доказ за звање, а не за знаење.

Приватните факултети никнуваат како печурки по дожд, со таа разлика што печурките барем имаат биолошка функција. Заедничко им е тоа што и едните и другите растат од балега. Студираш кога ќе стигнеш, меѓу два деловни ручеци и седница на општинскиот одбор. Испитите ги полагаш по телефон или воопшто не ги полагаш. Професорот го памети твоето лице според пликот. Одбраната на докторатот трае дваесет минути, комисијата те гледа со насмевка што вели „благодариме за покровителството“ и ете – доктор си.

Доктор по што? Сеедно. Пишува на хартијата, а хартијата, како што знаеме, трпи сè.

Интересно е, речиси поетично, што истиот човек кој не може да прочита два пасуса од весник без да му се вкрсти погледот, има неодолива, речиси биолошка потреба од титула. Тоа не е суета. Тоа е паника. Тоа е инстинкт за преживување во систем што ја изгубил суштината, но не и формата. Хартијата е важна, знаењето е пригодна нуспојава – доколку воопшто го има. А системот е тука, ја снабдува побарувачката, подготвен и услужлив, со ценовникот поставен на видно место.

Кајлата некогаш се купуваше во златарница или на пазар. Дипломата денес се купува на истиот начин, само што оваа тезга има веб-страница и акредитација од Министерството за образование.

Функционална неписменост: национален спорт без навивачи

Функционално неписмен не е оној што не ги знае буквите. Тој ги знае буквите. Може да прочита „забрането паркирање“ и да се паркира токму таму. Проблемот е што не може да разбере текст, да следи аргумент, ниту од три реченици да извлече заклучок што веќе не бил напишан со големи букви во првата реченица.

Функционално неписмените во Србија не се кријат по периферијата. Тие седат во центарот. Држат говори. Претседаваат со комисии. Се изјаснуваат за закони што не ги прочитале, бидејќи дури и кога се обиделе, не разбрале што пишува во нив.

И имаат дипломи. Се разбира дека имаат дипломи. Во оваа земја полесно е да се дојде до диплома отколку до паркинг-место во Белград.

Она што е навистина генијално – но навистина, му симнувам капа на системот, иако неволно – е тоа што ваквиот аранжман им одговара на сите што се дел од него. Човекот без знаење добива легитимитет. Институцијата што продава хартија добива пари. Политичкиот покровител добива послушен функционер кој му ја должи сопствената егзистенција и кој никогаш, ама баш никогаш, нема да поставува непријатни прашања, бидејќи и да сака – „не умее“.

Совршен екосистем.

Зошто никој ништо не менува?

Прашањето што го поставуваат наивните гласи: „Зошто никој не направи нешто во врска со образованието?“

Одговорот е едно тажно и кратко противпрашање: а кој би го направил тоа?

Оној што би требало да го промени системот е дел од системот токму затоа што системот функционира точно вака. Реформата би значела воведување меритократија. Меритократијата би значела проверка на компетенциите. Проверката на компетенциите би значела отпуштање на речиси секој втор вработен во јавниот сектор. Вклучително и оној што би требало да ја спроведе реформата.

Тоа е исто како да ја замолите лисицата да го реформира системот за чување на кокошарникот. Лисицата ќе формира комисија, ќе напише елаборат, ќе организира тркалезна маса – и ќе изеде уште две кокошки додека трае постапката.

Епилог без катарза

Во деведесеттите го препознаваше опасниот човек по тоа што изгледаше опасно. Златниот синџир околу вратот, дуксерот напикан во гаќите и пиштолот што ѕиркаше од нив беа јасен сигнал. Својата патологија ја носеше видливо, на кожата, без срам. Барем беше чесен во своето нечесност.

Денес опасниот човек изгледа како секој друг. Има диплома, има титула, зборува за „развој“, „стратешки приоритети“ и „европски интеграции“, а единствената книга што ја прочитал до крај било менито на некој свечен ручек. А ни него не го разбрал, па го прашал келнерот дали има кило и пол свинско. Јебига, дотаму му досега умот, а и каква е таа кафеана без печење?

Кајлата ја замени пропусница околу вратот за во министерство или во собраниската менза. Не влегол тој во парламентот – до мензата стигнал. Шушкавецот го замени костум од „Кнез Михаилова“, но не од бутик, туку од шверцер – еден број помал, се разбира, за да пука по шавовите. А пиштолот… е, пиштолот остана, само што сега е скриен под сакото, покрај срцето, токму таму каде што никој не гледа.

И додека повеќе од една петтина од возрасните во оваа земја немаат ни елементарна писменост што би им овозможила да разберат што потпишуваат, додека докторатите се продаваат како плескавици на фестивал, додека полуписмени луѓе управуваат со образованието, здравството и финансиите – системот функционира совршено.

За оние што го создале.

За сите други го прави она што отсекогаш го правел: меле. Само што сега е потивок. И со подобри манири. Но и натаму – со 200 на час.

 


Наслов на оригиналот: Nepismeni diplomci, Markolepsija, 15 јули 2026 | Сите права се задржани | ЦИВИЛ МЕДИА


Неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ