• Latest
Илустрација ВИ

Во сенка на дневната политика, Изборниот законик остана отворено прашање

July 30, 2026
ЌЕ ЈА БИДЕ ЛИ? Ни треба реална проценка, а не „видовити“ политички прогнози

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

July 30, 2026

ЦИВИЛ бара деполитизација на кризата со водата и обединување во заштитата на здравјето

July 30, 2026

Водата меѓу политиката и кризата – неопходна сеопфатна заштита на здравјето и квалитетот на водата

July 30, 2026

Прашањето на денот на ЦИВИЛ за изјавата на Мицкоски за економскиот раст останува исто и денеска – над 54.000 прегледи и повеќе од 5.000 ангажмани за 23 часа

July 30, 2026
Днипропетровск, Украина, 30 јули 2026 (фото извор: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Агресорот ја нападна Украина со 70 ракети и 280 дронови – загинати цивили меѓу кои и три деца

July 30, 2026

Зеленски во Вашингтон: Одбранбена автономија, нови санкции и разбивање на руските хибридни операции

July 29, 2026

Оленивка: Масакрот врз украинските заробеници, руските лаги и четири години борба за правда

July 28, 2026

Од „Нежната сингуларност“ до „веќе сме во неа“: Една година подоцна, Алтман ја надградува пораката, суштината останува иста

July 28, 2026
Сем Алтман, ТЕД, 2025 (фото извор: Википедија)

Нежната сингуларност

July 28, 2026

Демократијата се дави во дигиталниот шум

July 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Во сенка на дневната политика, Изборниот законик остана отворено прашање

July 30, 2026 10:42
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Илустрација ВИ

Илустрација ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Измените на Изборниот законик сè уште не се усвоени, а политичкиот консензус повторно изостана. Наместо договор, темата стана предмет на остри меѓупартиски обвинувања. Работната група при Министерството за правда во јуни соопшти дека голем дел од техничките решенија се усогласени и дека се финализира текстот во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Во јули не беше постигнат политички договор, па измените не влегоа во собраниска процедура со потребниот консензус.

Владата и ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија опозицијата (СДСМ, Левица и ДУИ) дека намерно ги блокира измените од политички причини. Опозициските партии, пак, возвратија дека предложениот текст не обезбедува фер изборни услови и дека не може да се донесува без поширок политички договор.

Најспорните прашања во политичката дебата се гласањето на дијаспората, можните промени на изборниот модел, условите за независните кандидати, правилата за финансирање и медиумско претставување на кампањите, како и имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Уставниот суд, пак, разгледува иницијативи поврзани со одредбите за политичкото рекламирање и еднаквиот третман на политичките субјекти, што дополнително го усложнува процесот на реформите.

Што предвидуваат измените на Изборниот законик

Иако конечниот текст сè уште не е усвоен, досега објавените предлози опфаќаат повеќе области.

Една од најважните цели е усогласување на изборното законодавство со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, особено во делот на правната сигурност, транспарентноста и еднаквите услови за сите учесници во изборниот процес. Предвидени се правила за работата на изборната администрација, роковите во изборната постапка и постапките за приговори и жалби.

Во областа на финансирањето на изборните кампањи, се предлагаат построги механизми за транспарентност, подобра контрола на трошоците и  надзор врз финансирањето на политичките партии и изборните кампањи, во согласност со антикорупциските препораки.

Предлогот предвидува и измени во медиумското претставување на учесниците во изборите, со правила за платеното политичко рекламирање, распределбата на медиумскиот простор и надзорот врз изборното известување. Дел од овие одредби се предмет и на постапки пред Уставниот суд.

Една од најконтроверзните теми останува гласањето на дијаспората. Владините партии предлагаат олеснување преку интернетгласање на македонските државјани кои живеат во странство, додека дел од опозицијата бара поширока јавна дебата и дополнителни гаранции за транспарентноста и интегритетот на процесот.

Во јавноста продолжува дебатата и за изборниот модел. Иако во стручната јавност и граѓанскиот сектор повторно се отвораат прашањата за една изборна единица и воведување отворени листи, овие решенија засега не се дел од политичкиот дискурс.

Особено чувствително прашање остануваат условите за независните кандидати и граѓанските иницијативи. Повеќе организации предупредуваат дека досегашните законски решенија создаваат нееднакви услови за учество на независните листи во изборниот процес и бараат нивно олеснување, во согласност со препораките на меѓународните набљудувачи.

Клучните препораки на ЦИВИЛ

Закон што ги дефинира правилата за политичка конкуренција и распределбата на политичката моќ не смее да се носи по итна постапка, без темелна јавна дебата и демократски легитимитет.

Со оглед дека целиот порцес е блокиран, ЦИВИЛ бара Собранието да организира серија јавни расправи со суштинско, а не само формално, учество на граѓанските организации, експертите и академската заедница. Само таков процес може да обезбеди изборните правила да бидат прифатени како заеднички општествен договор.

Во однос на предлогот за воведување интернет гласање за дијаспората, ЦИВИЛ предупредува дека ваков модел не треба да се воведува сè додека државата не обезбеди робусна сајбер-заштита и технологија што истовремено ќе ја гарантира безбедноста, тајноста и слободата на гласот, без можност за притисоци и злоупотреби.

Наместо фокус на технолошки експерименти, ЦИВИЛ повикува на суштинска демократизација на изборниот систем преку воведување една изборна единица, отворени листи, департизација на изборната администрација и обезбедување еднаков пристап до државното финансирање за сите политички субјекти.

ЦИВИЛ предупредува дека изборните закони не смеат да бидат сопственост на актуелната власт или предмет на меѓупартиски договори зад затворени врати. Тие претставуваат темел на демократскиот поредок и мора да се креираат низ транспарентен, инклузивен и професионален процес, со активно учество на граѓаните, стручната јавност и сите засегнати чинители.

Повторно едно фундаментално човеково право – правото на глас – е само алатка во рацете на моќните, без дури и минимална консултација со граѓанките и граѓаните. Дури и не одглумија дека ги интересира граѓанската димензија на правото на глас и демократските вредности што мора да се суштински дел од изборните процеси. Ни формално, ни неформално, политичките партии не покажаа интерес за препораките на граѓанското општество и експертите, кои во ЦИВИЛ со години наназад вредно работат на сите клучни аспекти на изборните процеси и на Изборниот законик. – Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

Биљана Јордановска


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ