• Latest
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026 09:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

Share on FacebookShare on Twitter

Промотивниот спот на Владата за одбележување на 35-годишнината од независноста на државата стана повод за остра политичка пресметка меѓу опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) и владината коалиција ВЛЕН. Додека ДУИ ја обвинува власта за промовирање на „ексклузивно македонска верзија“ на историјата во која Албанците се невидливи, од ВЛЕН се дистанцираат од видеото и возвраќаат со обвинувања за долгогодишна злоупотреба на Охридскиот договор.

ДУИ: Владата ги избриша Албанците, Охридскиот договор и НАТО од историјата

Во своето писмено соопштение, ДУИ упати остри критики кон Владата, нагласувајќи дека наместо јубилејот да го претставува заедничкиот пат на сите граѓани, тој прикажува исклучувачки наратив.

„Спотот е само на македонски јазик. Уметниците се Македонци. Албанците практично не постојат во наративот што Владата го подготви за 35-те години на државата“, реагираат од партијата.

Тие изразуваат посебна загриженост поради тоа што една од централните фигури во спотот е оперскиот пејач Игор Дурловски, потсетувајќи на неговата поврзаност со упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

Од ДУИ посочуваат дека од државниот наратив намерно се избришани клучни историски моменти кои ја трансформирале земјата од етнички проект во заедничка држава: Охридскиот рамковен договор, членството во НАТО и Првата меѓувладина конференција со ЕУ.

„Албанците можеби ги има на листата на министри, но ги нема во наративот на државата. Ги има како имиња и бројки за декор, но не и како присуство, влијание и фактор на одлучување“, порачуваат од партијата.

Соопштението на ДУИ завршува со пораката:

„А Вреди, едноставно не вреди ништо!“.

ВЛЕН: Не сме информирани за спотот, а Охридскиот договор не е сопственост на ДУИ

Реакцијата од коалицијата ВЛЕН не изостана. Портпаролот на коалицијата, Дритон Сулејмани, јасно стави до знаење дека тие не биле вклучени во овој владин проект. Според ставот на ВЛЕН, тие ниту го виделе промотивното видео пред неговото објавување, ниту биле информирани за неговото планирање и организација.

Одговарајќи на прозивките од ДУИ во врска со Охридскиот договор, од ВЛЕН истакнаа дека овој документ е историско достигнување на Албанците, а не приватна сопственост на партијата од Мала Речица. Според владејачката коалиција, Рамковниот договор претставува „обврска за конкретна работа“, а не тема која треба да се споменува само кога се наближуваат државни јубилеи.

ВЛЕН возврати со обвинување дека ДУИ со години го експлоатирала Охридскиот договор како политички капитал исклучиво за лично богатење. Од коалицијата порачаа дека нивниот фокус во иднина не е на симболиката, туку на законското гарантирање на правичната етничка застапеност во институциите и на спроведувањето на вистинска децентрализација.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ