• Latest

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

Новите напади врз трговски бродови во близина на бугарскиот брег ја зголемуваат опасноста од ескалација во Црното Море. Софија бара меѓународна истрага и сојузничка поддршка, додека предупредувањата од неодамнешната анализа на Љубомир Костовски за ЦИВИЛ МЕДИА добиваат нова актуелност.

October 13, 2026 10:00
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВОЈНА ВО УКРАИНА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Нов бран напади со дронови врз трговски бродови во Црното Море, во раните утрински часови на 13 октомври, предизвика сериозна безбедносна тревога во Бугарија. Два брода биле погодени во близина на бугарскиот брег, од кои еден потонал, додека спасувачките служби интервенирале за евакуација на морнарите. Информациите ги потврдија бугарската национална телевизија БНТ, бугарската НОВА и американската агенција Асошиејтед прес.

Бродот „Челзи 3“, кој пловел под малтешко знаме и е управуван од компанија со седиште во Украина, бил погоден од три дрона на околу 18 наутички милји од градот Бјала. Сите 15 членови на екипажот, седум украински и осум азербејџански државјани, биле спасени. Петмина добиле медицинска помош. Вториот брод, идентификуван од БНТ како „Азов Конкорд“, потонал во близина на Крапец. Информациите за спасените морнари од вториот брод сè уште се разликуваат, зависно од изворите.

Софија бара меѓународна истрага, но без конечни обвинувања

Бугарскиот премиер Румен Радев свика итен состанок на безбедносните служби, најави разговор со руската амбасадорка Елеонора Митрофанова и побара помош од НАТО и Европската Унија за утврдување на потеклото на дроновите.

Радев посочи дека карактерот на нападите и нивните околности упатуваат кон можноста зад нив да стои Русија, но истовремено нагласи дека за такво обвинување се неопходни докази. Софија бара и засилен надзор над поморскиот и воздушниот простор.

Европската комисија, исто така, ги осуди новите напади. Според известувањето на Асошиејтед прес од 13 октомври, претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, побара одговорност за нападите врз цивилните пловила. Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, ја обвини Москва дека ја користи небезбедноста во Црното Море како средство за нарушување на поморската трговија и глобалното снабдување со храна. Така, новата серија инциденти добива и поширока меѓународна димензија: не станува збор само за непосредната безбедност на Бугарија, туку и за заштитата на цивилната пловидба и трговските коридори од кои зависи снабдувањето на многу земји.

Опасностите за кои сега алармира Софија одамна се препознаени во европските безбедносни документи. Во Стратегијата за Црното Море, претставена на 28 мај 2025 година, Европската Унија предупреди на последиците од руската агресија, нападите врз пристаништата и поморските патишта, хибридните операции и заканите за критичната инфраструктура. Високата претставничка Каја Калас тогаш најави воспоставување регионален центар за поморска безбедност, со системи за рано предупредување, размена на информации и надзор од сателитите до морското дно. Новите напади покажуваат колку е итна потребата од практична примена на тие мерки и од координиран одговор на Европската Унија и НАТО.

Од напади до пропагандна војна

Новите инциденти следуваат само една недела по нападите од 6 октомври, кога во бугарската ексклузивна економска зона беше потопен бродот „Алфа Ватан“, додека „Ејбл“ беше сериозно оштетен. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за нападите, оценувајќи ги како дел од пошироките напори за дестабилизација на пловидбата во западниот дел на Црното Море.

Политичко-пропаганднатата димензија станува неизбежна. Во бугарската јавност, прашањата за одговорноста на Москва се преплетуваат со внатрешнополитички расправи за способноста на државата да ги заштити сопствените поморски интереси и територии.

Во дел од македонското медиумско известување, пак, пренесувањето на драматичните настани без јасно разграничување меѓу потврдените факти, политичките тврдења и непотврдените информации создава простор за шпекулации и манипулации. Но не секое сензационалистичко известување претставува организирана пропаганда. Истовремено, во проруските медиумски и онлајн кругови се појавуваат обвинувања за „антируска пропаганда“, со кои се оспоруваат сомневањата за руска одговорност. Таквите обвинувања, меѓутоа, не можат да бидат замена за факти, независна истрага и проверливи докази.

ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Аналитичарот Костовски предупреди на опасностите

Во својата опширна анализа, објавена на 6 октомври на ЦИВИЛ МЕДИА, аналитичарот Љубомир Костовски предупреди дека ризиците во Црното Море не се ограничуваат само на нападите со дронови.

Во текстот „Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено“, Костовски ги разгледува нападите врз трговските бродови, руската флота во сенка и еколошките закани, вклучително и сомневањата за загадување поврзани со санкционираниот танкер „Каирос“.

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

Новите инциденти ја прават анализата на Костовски уште поактуелна.

Црното Море веќе не е само простор на воени операции. Тоа станува регион во кој цивилната пловидба, меѓународната трговија и безбедноста на земјите членки на НАТО се изложени на сè поголеми ризици.

Најопасното прашање повеќе не е дали војната ќе има последици надвор од Украина, туку колку далеку ќе се прошират тие последици и дали меѓународните институции ќе успеат да спречат нова ескалација.

Редакција ЦИВИЛ МЕДИА

 


ЦИВИЛ МЕДИА


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ