• Latest

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и “фантомски гласачи“

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и “фантомски гласачи“

October 14, 2026 10:47
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Предвремените парламентарни избори во Србија, закажани за 25 октомври, се одржуваат во услови на длабока политичка поларизација, со отворени прашања за точноста на избирачкиот список, нееднаквиот пристап до медиумите и ресурсите за кампања, како и за безбедноста на гласачите, кандидатите и независните набљудувачи. Додека меѓународната мисија на ОДИХР нотира дека изборните органи досега ги почитувале законските рокови, домашната набљудувачка организација ЦРТА предупредува дека можностите за слободно учество во изборниот процес се стеснуваат поради заплашување, насилство и сомнежи за злоупотреба на институциите.

Во првиот Извештај  на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР, кој го опфаќа периодот од 16 септември до 7 октомври, се наведува дека изборната правна рамка претрпела значајни измени во 2025 и 2026 година. Дел од нив целосно или делумно ги опфатиле претходните препораки на организацијата, вклучително и оние што се однесуваат на финансирањето на кампањата и правилата за учество на трети страни.

Сепак, ОДИХР забележува дека останале нереализирани повеќе препораки, меѓу кои и оние за спречување заплашување и притисок врз гласачите, поефикасен надзор и санкционирање на прекршоците во кампањата, злоупотребата на јавните ресурси, независноста на регулаторот за медиуми и безбедноста на новинарите. Мисијата забележува и загриженост во врска со инклузивноста на консултациите за измените, нивното усвојување непосредно пред изборите и доследноста во спроведувањето на новите правила. Дел од соговорниците на ОДИХР изразиле загриженост за непристрасноста на изборните органи и за интегритетот на гласањето во странство и надвор од избирачките места.

Една од најчувствителните точки во извештајот на ОДИХР е Единствениот избирачки список, во кој се регистрирани околу 6,5 милиони гласачи.

И покрај напорите за зголемување на транспарентноста, повеќе соговорници на мисијата изразиле загриженост за точноста на списокот, особено поради невообичаено големиот број гласачи регистрирани во одредени општини и на конкретни адреси.

Според извештајот, надлежните органи јавно не ги објасниле овие отстапувања ниту појасниле дали се водат истраги. Повеќепартиската комисија формирана за проверка на списокот започнала со работа, но дел од нејзините членови се пожалиле дека немале пристап до релевантните податоци, а подоцна добиле само делумен пристап, што ја ограничило можноста за вкрстена проверка.

И  ЦРТА (Центар за истражување, транспарентност и одговорност) во својот извештај од мониторингот на изборите укажува на проблеми со проверката на избирачкиот список и сомнеж за „фантомски гласачи“ со организацијата на гласањето во странство. Организацијата проценува дека околу 22.000 граѓани кои се пријавиле за гласање во дијаспората би можеле да останат без можност да гласаат поради одлуката да не се отворат избирачки места во сите земји каде што бил исполнет условот за пријавени гласачи.

ЦРТА ја оспорува и одлуката гласањето во сите временски зони да се организира според локалното време во Србија, што создава дополнителни практични пречки за дел од гласачите во странство.

ЦРТА во својот привремен извештај за првиот дел од кампањата наведува дека можностите за слободно учество на граѓаните во изборите се ограничуваат преку незаконски надзор, заплашување и насилство.

Во првите три недели од кампањата, набљудувачите документирале 49 инциденти. ЦРТА наведува и дека опозициски актери биле изложени на наводно незаконско прислушување и полициски акции за кои постојат сомнежи дека биле политички мотивирани.

Организацијата регистрирала и медиумски пораки со кои се шират предупредувања за наводни планови за предизвикување немири и поткопување на уставниот поредок. Во набљудуваниот период, според извештајот, највлијателните провладини онлајн медиуми објавиле речиси 1.500 прилози во кои се предупредувало на можен хаос и насилство на денот на изборите. Во просек, седум прилози дневно ги претставувале активностите на опозициските актери како „обоена револуција“.

ЦРТА предупредува и на притисоци врз граѓаните во врска со поддршката на изборните листи, како и на сомнежи за фалсификување потписи, заверување документи во отсуство на граѓаните и користење јавни ресурси во партиски цели.

Според набљудувачите, дел од забележаните активности вклучувале и сомнежи за нудење пари, помош или вработување во замена за политичка поддршка, како и условување на приходите и пристапот до јавни услуги.

ЦРТА оценува дека особено загрижувачки е притисокот врз независните граѓански набљудувачи. Организацијата посочува дека по јавните изјави на Александар Вучиќ, кој ја нарекол мисијата на ЦРТА „најлош учесник во обоената револуција“, следувале повици од медиуми и коментатори блиски до власта за забрана на нејзината работа и апсење на нејзиното раководство и членовите на мисијата.

ОДИХР и ЦРТА укажуваат на изразени разлики во медиумската застапеност на власта и опозицијата.

ОДИХР наведува дека во медиумскиот простор преовладува впечатокот дека мнозинството национални и регионални медиуми се наклонети кон владата и владејачката партија. Мисијата истовремено нотира дека медиумите се соочуваат со мал пазар за рекламирање и зависност од јавно финансирање, што ги изложува на политичко и економско влијание.

ЦРТА, пак, во мониторингот на телевизиското известување забележала дека опозицијата во целина добила двојно помалку медиумски простор од владејачките партии, а речиси секоја втора секунда од известувањето во кое се појавувала опозицијата била во негативен тон. На јавниот сервис РТС, според податоците наведени во извештајот, опозицијата добила само 15 проценти од времето доделено на политичките актери.

Поширокиот политички контекст е обележан со продолжена криза и продлабочени поделби, а студентското движење, кое се разви по трагедијата на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година, се појавува како значаен политички фактор во изборниот натпревар.

Во меѓувреме, кампањата на социјалните мрежи останува во голема мера без општ институционален надзор. ОДИХР предупредува на ширење дезинформации и манипулативни содржини, вклучително и преку мејнстрим медиумите и јавните функционери. Извештајот посочува и дека не постои меѓуинституционален механизам за координиран одговор на онлајн дезинформации, странско мешање и манипулација со информации за време на изборниот период.

Дополнителна загриженост предизвикуваат извештаите за наводна употреба на шпионски софтвер против опозициски членови и активисти, што отвора прашања за дигиталните права и заштитата на личните податоци.

До парламентарните избори на 25 октомври останува отворено прашањето дали надлежните институции ќе одговорат на забелешките на меѓународните и домашните набљудувачи со конкретни, транспарентни и проверливи постапки.

ОДИХР укажува на законски измени и почитување на административните рокови, но и на нерешени препораки и загриженост за нивното спроведување. ЦРТА, пак, документира инциденти и укажува на притисоци, медиумска нееднаквост и сомнежи за злоупотреба на јавните ресурси и изборните процедури.

Конечната оценка за изборите ќе зависи од целокупниот процес и од тоа дали граѓаните ќе можат слободно да гласаат, политичките учесници да се натпреваруваат под фер услови, а институциите да постапуваат независно и еднакво кон сите.

Подготви: Б. Ј.


ЦИВИЛ МЕДИА


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ