• Latest
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Убаини

October 25, 2026
Долги редици пред гласачките места во Блок 45 во Нов Белград - гласачите трпеливо чекаат да го сотварат своето право на глас, веќе од 4 часот наутро (фото: Марко Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА)

Доцнења на избирачките места во Белград, гласачите чекаат во редици со кафе, кифлички и книги

October 25, 2026
Блок 45, Нов Белград, редица за гласање веќе од 4 часот наутро (фото: Марко Маневски)

Србија гласа: Во Блок 45 во Нов Белград граѓани чекаат во редици уште од 4 часот наутро

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Убаини

...поле погледниш, или планина сегде Божева је хубавина.

October 25, 2026 09:36
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Оливер Андонов

Не можеме да се наситиме од убавините кои ни ги дава владата на професор, доктор ем премиер Мицкоски, сегде јет Божева хубост и блага. Распослал професор, доктор ем премиер Мицкоски со неговата дружина, само убаини низ обеспечелена Македонија.

Проблемот е во нас, какви очила носиме, па не можеме да ја видиме убоста и убаините секојдневни, истурени за нас на повеќе сцени – паралелно, ами како на шведска маса.

Сцена прва – одбранбени убаини

По цели две и половина години министерување во владата на професор, доктор ем премиер Мицкоски и раководење со ресорот одбрана, Мисајловски нѐ израдува со неговите убости и убави работи во одбраната. Просто не знам како да се изнарадувам на овие одбранбени убаини. Радувајте се вие професионални војници, подофицери, офицери и цивилни лица, и сите вие во одбраната, Мисајловски како Дедо Мраз токму за Нова година ќе ви донесе пакетче. Пакетче одобрено од првата парајлика во Македонија, Гордана Кочовска – Димитриевска. Ете заради убоста, таа бркна в ќесето и од нејзиното ќесе ќе ве израдува (од татко ѝ е останато ќесето). Под услов дотогаш професор, доктор ем премиер Мицкоски да не се реши да предизвика предвремени избори, па поради тоа ова убост да остане цврсто ветување за по избори, или таму од Јули некаде.

Две и половина години пишувам во колумни, но и во јавноста укажувам за проблемите во одбраната, како за земја членка на НАТО. Исто толку време, синдикатите (без оној на Миланчо – помошник министерот, ем директор) му објаснуваа на Мисајловски што сѐ треба да се направи за да се направат „реформи“ во Армијата и воопшто во одбраната. Купишта тужби стојат по судовите токму за спорови од областа на работните односи во одбраната, нерегулирани плати, три години не покачени плати на армискиот персонал, неисплатени додатоци и обврски според колективниот договор и закон. Но Мисајловски за тоа не беше заинтересиран.

Тој беше единствено заинтересиран да му се додвори на професор, доктор, претседател ем премиер Мицкоски и да ги ангажира лојалистите од ОК Ѓорче Петров да му лајкаат на ФБ објавите. Секако и професор, доктор, ем премиер Мицкоски во партија да ги прашува клиентелистите: „нели Кендо е добар“? Е добар е, ма одличен е. Кој рече дека Мисајловски не е добар дечко, супер е, наш стар партиски член – камарад што би се рекло. Сега пак според партиска директива сите пратеници од нашата ВМРО-ДПМНЕ и лојалисти – клиентелисти, упорно ја споделуваат прес конференцијата и ветувањата на Мисајловски дека ЌЕ БИДЕ. Очигледно дека и на професор, доктор ем премиер Мицкоски му гори под нозете па сега целата наша партија е во мисија на спасување на војникот, пардон – министерот Мисајловски кој нели „добар е“.

Но професоре, докторе ем премиере Мицкоски, за министер за одбрана на Македонија, земја членка на НАТО не треба да бидеш добар камарад, лојалист и климач со глава кој постојано на секој јавен настап ЌЕ му се заблагодарува на професор, доктор ем премиер Мицкоски, и по партиска директива на социјални мрежи да те лајкнуваат и шеруваат (споделуваат) партиски членови и ботови. Треба да имаш знаење, искуство и визија за развој на македонската армија и одбраната во целост и во контекст на НАТО. Можам да забележам по цели две и половина години, дека во партија не остана еден од „функционерите“ кои разбира нешто од одбраната – дури и Ковачки е во таа група, но тој е посебна приказна.

Ете така, во таа убаина, неделава Мисајлоски ни кажа дека благодарение на владата на професор, доктор ем премиер Мицкоски (и тоа на два пати) и во договор со Кочовска – Димитриевска ни соопштува убави вести – а ЌЕ има уште, за „реформи“ во Армијата и конечно и трајно решавање на статусот на професионалните војници, зголемување на платите од идната година (кога и колку точно никој не знае), и дека ЌЕ следуваат уште убости за одбраната (ама не кажа кој) – сака да не држи во неизвесност. Да бидеме по радосни.

Сето искажано во нешто повеќе од четири минути на прес конференција во владата ќе беше уверливо и прифатливо доколку не се работи за видливо менаџирање криза, или што би рекол нашиот народ – за зорт.

Имено, откако минатата недела синдикатот на професионалните војници кој патем две години и малку повеќе (уште од времето на Славјанка) постојано се обидуваат да го уништат, но благодарение на Александар Насковски и дел од ентузијасти и чесни луѓе тоа не се случува, најави дека заедно со здружението на ветерани од Армијата ќе излезат на протест (патем и таму се обидоа и обидуваат да внесат раздор и дури и личен поткуп), Мисајловски под притисок – работата почна да ја гледа како реална закана врз неговата позиција, Но и на професор, доктор ем премиер Мицкоски му стана јасно колку е часот.

Затоа сега професор, доктор, ем премиер Мицкоски нека прашува во партија, со констатација: „нели е добар Кендо“? Пак ќе му кажат, ма одличен е! (и ќе климаат со глава)

Но каков беше редоследот на работите. Најпрво изминатите години луѓето се бореа за остварување на своите права од работен однос и наместо Мисајловски во рамките на креирањето на одбранбените политики и ветувањата кои им ги даваше заедно со други „функционери“ од нашата ВМРО-ДПМНЕ и оние од НЕ-знам, пред избори 2024-та, досега да понудеше конкретни законски измени, дури и нов закон за служба во Армијата и да ги регулираше сите отворени прашања, по добра стара навика се обидуваше преку медиумски манипулации и ветувања да ги одложува работите кои не може да се одложат. Оттука и му го извадија прекарот „ЌЕ БИДЕ“, а што убаво во партија си го знаеме како Кендо, сега ќе му остане онаа ЌЕ, за подбив. Но така бива кога човек кој ништо не разбира од одбраната ЌЕ се нафати да води ресор одбрана а при тоа ЌЕ се опкружи со исти такви ликови кој ништо не знаат освен да му кажуваат како е најдобар, ЌЕ му лајкаат на ФБ, а сето тоа ЌЕ го поддржи и професор, доктор, ем премиер Мицкоски заради задоволувањето на сопствената суета.

Е не се води држава, а посебно одбрана и безбедност со суета и ЌЕ. Факторот време е исклучително важен фактор во креирањето на одбранбени политики и донесувањето на одлуки, особено кога се наоѓаме во вакви геополитички состојби и потреси.

Така, откако Мисајловски се обиде по наговор на неговите експерти да ги „менаџира“, а повеќе дисциплинира синдикатите, па по неуспешното растурање на еден од синдикатите, друг успеа да го пасивизира, а трет (нај бројниот) да го стави под контрола со поднесување на кривични пријави и држење за… на синдикалните ликови, прејде на последната фаза, а тоа е да си формира сопствен синдикат. Секако, правото на синдикално здружување е загарантирано, но многу е не етички кога помошник министер, односно директор на директорат со ликови од кабинетот на министерот и генерали, сакаат да станат први синдикалци во одбраната. Кој е сега тука работодавач и кој ги штити правата на државата-министерството како работодавач – само Мисајловски? Го оставивте, или се остави сам човекот. Но може тој – нели е најдобар!

Сепак, дури и оваа операција на Мисајловски не успеа. Жилави ова професионалните војници и оној Насковски, па откако луѓето видоа дека нема разбирачка со Мисајловски и по две години расправи и конструктивни предлози, а за кои се зборува низ министерството за одбрана дека во одредени мигови биле на работ на физички пресметки со „синдикалците“ од опкружувањето на министерот, тргнаа во организација на протест. На овој протест се придружи и здружението на ветерани од Армијата, нешто над 600 луѓе кои поради законски пропусти и грешки на Петровска во колективниот договор од 2024 година беа дискриминирани во однос на условите за пензионирање и други права во однос на колегите кои потоа (само еден месец подоцна) беа пензионирани. И ова го знаеше Мисајловски, но наместо подготвување на закон, лекс специјалис за оваа категорија, тој избра две години и повеќе да не забавува со Петровска и хеликоптерите, а и од тоа не видовме конкретен резултат или кривично-правна постапка. Дури и „новиот“ колективен договор требаше да биде донесен и потпишан уште во Февруари годинава, а се уште не е.

Кога овие две категории лица чии права од работните односи и уставно загарантирани права се загрозени, се одлучија да одат на јавен протест пред владата, се разбуди и професор, доктор ем премиер Мицкоски. Откако ниту неговите советници не успеаа да ги разубедат луѓето од намерата за јавен протест (патем, како тоа ликови, па нека се и универзитетски професори кои немаат служено војска, може на професионални војници со долги години стаж да им објаснуваат што е тоа војска) и откако се уверија Мицкоски и Мисајловски дека намерата е сериозна, се тргна во кризен менаџмент, односно намалување на штетата која сами со своето не работење и не знаење ја предизвикаа. Кон тоа ги поттикна и сознанието дека поддршка на протестот не како политичко – партиско, туку како социјално прашање и прашање на одбраната на Македонија ќе дадат и многу граѓани, индивидуално, како и разни здруженија. За да не пукне срамот пред НАТО дека во земја членка на НАТО, сегашни и поранешни припадници на Армијата протестираат за социјални права и решавање на статус, а потоа тој протест да поттикне и други изливи на незадоволство во сите овие убаини, се тргна кон менаџирање на криза. Во тоа менаџирање сѐ се случуваше во два-три дена за да заврши со пресот на Мисајловски во владата и радосна најава за „реформи“.

Сега, самиот Мисајловски отвори многу дополнителни прашања:

Прво: Што правеше цели две и пол години? – Ништо!

Второ: Зошто не предложи конкретно законско решение? – Синдикатот еднаш веќе предложи закон кој во Собранието ниту една политичка партија не го поддржа. Но сега и оние јадници од НЕ-ЗНАМ ќе се фалат дека направиле нешто. Аман Павле, биди малку барем достоинствен и не треси глупости – генерал си.

Трето: Што Мисајловски ќе прави откако синдикатот ќе предложи повторно Закон или дополнување на постојниот Закон за служба во Армијата? – Дали нашата партија ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи и со дополнително усогласување ќе го донесе по скратена постапка? – Тешко, неверојатно, затоа што тогаш ќе се признае дека ништо ниту работеле ниту пак знаат и дека биле во грешка, а тоа тешко се признава кај политикантите.

Четврто: Зошто Мисајловски го злоупотреби Началникот на Генералштабот на прес конференција во влада? – НГШ не е потчинет на министерот за одбрана, туку на претседателот на Републиката, и ГШ не решава прашања од работни односи и социјални прашања во Армијата, дури и не може да предлага законски решенија. Но тоа е тема за друга колумна и НГШ ЌЕ треба да си ја објасни.

Петто: Каков договор со претседателот на Републиката имало по оваа прашање? – Ами Силјановска со месеци наназад има точни информации за се и доколку сакаше таа можеше да иницира закон, а не само да пренасочува кон министерството за одбрана.

Оваа сцена нема да заврши брзо и да се угаси како што замислил професор, доктор ем премиер Мицкоски за да го заштити одличниот Мисајловски. Ова ЌЕ трае и ЌЕ има реперкусии врз државата, за што воопшто не се виновни професионалните војници, подофицери, офицери и цивилни лица во Армијата и министерството, туку единствено виновни се „авторитетите“.

За крај на оваа сцена, уште едно прашање до Мисајловски: „Што правиме министре кога еднаш ЌЕ се откочат намерно и по наредба закочените судски постапки – тужби за исплати на плати и други принадлежности, вклучително и дефинитивното усогласување на платите на вработените на Воената академија како високошколска институција финансирана од буџет со оние на вработените на останатите високошколски институции исто така финансирани од буџет согласно законските одредби кои ги игнорирате? Кој тогаш ќе носи одговорност за намерно направена штета врз буџетот на Македонија? Да не кажеш министре дека не си знајал и дека да си знајал, ЌЕ беше, како што не ЌЕ беше.

Ете така го уривате угледот на Армијата и одбранат кои останаа последен столб на институции со углед кај македонските граѓани и затоа граѓаните даваат поддршка на протестите. Тоа се вика граѓанска перцепција и најповеќе народна – чиста љубов кон сопствената татковина и Армија која вие „авторитетите“ не ја есапите. А тоа што во НАТО повторно ЌЕ добиете по уши и непријатни прашања на кој немате одговор е друг есап, кој би сакале исто така да не го есапите.

Летањето пак со Бетмен на ТВ Алфа доцна навечер, тешко дека ќе ја подобри работата. Тоа повеќе е лет над кукавичкото гнездо во кое убавото кукавичко јајце министре Мисајловски ти го снесоа додворувачите околу тебе, но бидејќи ти им дозволи, сега ти ќе треба да го квацаш до испилување. Сепак седми Ноември е доколку утре, а ти не смееш да го прифатиш  предлог законот за измена на Законот за служба во Армијата, без да му се заблагодариш на професор, доктор ем премиер Мицкоски што воопшто ти дозволи да бидеш таму за каде што не си.

Ние како внатрепартиска фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ многу јасно и јавно не се согласуваме со политиките на Мисајловски и Мицкоски, во овој случај со политиките во одбраната и затоа го поддржуваме протестот на професионалните војници и ветераните на Армијата. Едноставно се работи за одбраната на нашата татковина Македoнија, а со тоа нема играчка и партиски калкулации.

Сцена втора, мизансцена – Бугарија и Михаилова

Оваа втора сцена паѓа најпрво на плеќите на Панче – Шија ми га Ѓура. Но нема да има одговорност ниту кај него. Едноставно е да се разбере, најлесно е да се обвинува Бугарија дека со дипломатско возило инкогнито ја изнеле Михаилова од Македонија. Е тоа е дури скандал. Најави професор, доктор ем премиер Мицкоски дека само што не собрал докази со кои ќе излезе пред НАТО. Супер! Но исто така кажа дека прашањето и темата Михаилова се завршени и неважни. Пак супер!

Само сега уште да ни објасни професор, доктор, ем премиер Мицкоски што се случи и кој е одговорен за тоа што се случи. Но нема да има такво нешто, оваа мизансцена е наменета за дво неделна внатрешна забава и замајување на македонската јавност со глумење патриотизам и уште малку заострување на односите со Бугарија, како и давање гориво на Радев и Јотова. Ама не испадна математиката. Радев се соочува со протести и тоа поради буџетот, и дури и уставниот суд на Бугарија му кажа дека предложениот буџет му е против уставен. Па така заврши сагата со поддршка на Радев патриотот кој со Јотова ја спасуваат Михаилова од клетите и лоши Македонци. Едноставно нема таков интерес во Бугарија, сепак се работи за земја членка на ЕУ чии премиер доби „ќотек“ в Брисел и тоа на неколку дена пред изборите. Тегнење за уши на јавна меѓународна голема сцена, не на мизансцената на професор, доктор ем премиер Мицкоски поставена од режисерот од Москва. Така што Михаилова, навистина е завршена тема – бравос бре професоре, докторе ем премиере Мицкоски, ја погоди.

Нам ни останува за оваа сцена полека да влеземе во заборав, до следна потреба на режисерот од Москва. Но, мислам дека наскоро ќе се прикаже една друга сцена, а тоа е прашањето на состојбата во МВР. По Армијата на ред е Полицијата. Токму тука протестот на професионалните војници на седми Ноември може да биде тригер и за Полицијата која полициските синдикалци ја стегаат до задушување. А дали драги мој знаете дека полицаец со 10-15 години стаж нема ниту 600 евра плата (не ги сметајте додатоците за сменска, ноќна и прекувремена работа)? Дали знаете дека луѓето се утепуваат од работа и не можат да постигнат затоа што ги нема во доволен број? Дали знаете дека токму тие кои се во полна сила на свои 30-35 години возраст и со работно искуство од 10-15 години во МВР најповеќе си заминуваат од Полицијата поради лошите услови за работа и малите плати? Дали знаете дека полицајците испуштаат крици за помош поради неиздржливите услови за работа?

Не, никој не зборува за тоа. Засега Панче – Шија ми га Ѓура, одлично ги држи под контрола полициските синдикати – подобар е од Мисајловски, но до кога.

Да уживаме во убаините на владата на професор, доктор ем премиер Мицкоски пред да зборуваме за другите сцени како на пример: цени на гориво, социјална заштита, здравствена заштита, цени на основни прехранбени производи, трета, пета, прва, втора економија, за глупости кои се изнатресоа токму на денот на македонската револуционерна борба, за Берлин процесот и како и таму како и на другите меѓународни настани никој веќе не ја есапи нашата Македонија и слично.

Убава е оваа наша Македонија!

Тамо по срце в кавал да свирам, с’нце да зајдвит, ја да умирам!

 


Проф. д-р Оливер Андонов е професор на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ